Türkiye

( Турција )

Context of Турција

Турција (турски: Türkiye) или официјално Република Турција ( Türkiye Cumhuriyeti ), од 2022 година преименувана во Туркије — независна држава во Евроазија која се протега полуостровот Мала Азија и на дел од Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Турција е една од шесте независни туркски држави во светот. Турција граничи со осум држави и излегува на четири мориња. На северозапад граничи со Бугарија, на запад со Грција, на североисток со Грузија, на исток со Ерменија, Азербејџан и Иран и со Ирак и Сирија на југ. На север од државата се наоѓа Црното Море, на запад е Егејското Море, на северозапад е Мраморното Море, додека на југ е Средоземното Море. Мраморното Море, заедно со протоците Босфор и Дарданели ја сочинуваат природната граница меѓу европското и азиското турско копно.Истанбул е најголемиот град во земјата, додека главен град Анкара кој се наоѓа во централниот д...Read more

Турција (турски: Türkiye) или официјално Република Турција ( Türkiye Cumhuriyeti ), од 2022 година преименувана во Туркије — независна држава во Евроазија која се протега полуостровот Мала Азија и на дел од Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Турција е една од шесте независни туркски држави во светот. Турција граничи со осум држави и излегува на четири мориња. На северозапад граничи со Бугарија, на запад со Грција, на североисток со Грузија, на исток со Ерменија, Азербејџан и Иран и со Ирак и Сирија на југ. На север од државата се наоѓа Црното Море, на запад е Егејското Море, на северозапад е Мраморното Море, додека на југ е Средоземното Море. Мраморното Море, заедно со протоците Босфор и Дарданели ја сочинуваат природната граница меѓу европското и азиското турско копно.Истанбул е најголемиот град во земјата, додека главен град Анкара кој се наоѓа во централниот дел на Анадолија. Околу 70 до 80 отсто од граѓаните на земјата се идентификуваат како Турци. Курдите се најголемо малцинство. Големината на курдското население е предмет на расправа со проценки од 12 на 25 проценти од населението.

Во разни периоди во својата историја, регионот бил населен со различни цивилизации, вклучувајќи ги Асирците, Грците, Тракијците, Фригијците, Урартијците и Ерменците. Хеленизацијата започнала во ерата на Александар Велики и продолжила во времето на Византија. Селџуците започнале да мигрираат во областа во 11 век, а нивната победа над Византијците во Битката кај Манцикерт во 1071 година го симболизира почетокот и темелот на Турција на овие простори. Селџучкото Царство владеел со Анадолија до монголската инвазија во 1243 година, кога се распаднала на мали турски кнежевства. Почнувајќи од крајот на 13 век, Османлиите започнале да ги обединуваат овие турски кнежевства. Откако Мехмед II го освоил Цариград во 1453 година, османлиската експанзија продолжила под Селим I. За време на владеењето на Сулејман Величествениот, Отоманското Царство опфаќало голем дел од Југоисточна Европа, Западна Азија и Северна Африка, станувајќи светска сила Во следните векови државата влегла во период на опаѓање со постепено губење на териториите и војните. Во обид да ги консолидира слабеењето на социјалните и политичките основи на царството, Махмуд започнал период на модернизација во почетокот на XIX век, носејќи реформи во сите области на државата, вклучувајќи ја и војската и бирократијата заедно со еманципацијата на сите граѓани Во 1913 година, државниот удар успешно ја ставил земјата под контрола на Трите паши. За време на Првата светска војна, отоманската влада извршила геноциди против ерменските, асирските и понтиските грчки субјекти. По војната, конгломерацијата на територии и народи што порано го сочинувале царството била поделена на неколку нови држави. Турската војна за независност, иницирана од Мустафа Кемал Ататурк против окупацијата на сојузничките сили, резултирала со укинување на монархијата во 1922 година и основање на Република Турција во 1923 година, со Ататурк како прв претседател. Ататурк донел бројни реформи, од кои многу од нив инкорпорирале различни аспекти на западната мисла, филозофија и обичаи во новата форма на турската влада. Курдско-турскиот конфликт, вооружен конфликт меѓу Република Турција и курдските бунтовници, е активен уште од 1984 година пред сè на југоисточниот дел на земјата. Различни курдски групи бараат одвојување од Турција за да создадат независен Курдистан или да имаат автономија и поголеми политички и културни права за Курдите во Турција.

Поради турската местоположба како крстопат меѓу Азија и Европа, Турција има голема геостратешна важност. Доминантна религија во Турција е Исламот, со мали христијански и јудејски заедници. службен јазик во Тирција е турскиот јазик, кој е најдоминантен јазик во државата, но околу 18% од населението зборува и курдски и фдазаки.

Турција е демократска, секуларна, унитарна уставна република, со големо античко културно наследство. Турција е член на голем број меѓународни организации што ја прави западноориентирана држава. Турција е членка на ООН, рана членка на НАТО, ММФ и Светската банка, како и основач на ОЕЦД, ОБСЕ, БСЕЦ, ОИК и Г-20. Откако станала една од првите членки на Советот на Европа во 1949 година, Турција станала асоцијативна членка на ЕЕЗ во 1963 година, се приклучила на Царинската унија на ЕУ во 1995 година и започнала преговори за пристап во Европската Унија во 2005 година, кои ефикасно биле запрени од ЕУ во 2017 година поради „патот на Турција кон автократското владеење“. Турската економија и дипломатските иницијативи довеле до нејзино признавање како регионална сила, додека нејзината местоположба и дала геополитичко и стратешко значење низ историјата. Турција е секуларна, унитарна, поранешна парламентарна република која го усвоила претседателскиот систем со референдум во 2017 година. Новиот систем стапил на сила со претседателските избори во 2018 година. Сегашната администрација на Турција предводена од претседателот Реџеп Тајип Ердоган од АКП донела мерки за зголемување на влијанието на исламот и ги поткопала политиките на Кемалистите и слободата на печатот.

Phrasebook

Здраво
Merhaba
Светот
Dünya
Здраво свету
Selam Dünya
Ви благодарам
Teşekkürler
Да
Evet
бр
Numara
Како си?
Nasılsınız?
Фино, благодарам
İyiyim teşekkürler
Колку е?
Ne kadar?
Нула
Sıfır
Еден
Bir
Две
İki

Where can you sleep near Турција ?

Booking.com

More images

Videos

4.362 visits today, 307 Destinations, 5.844 Points of interest, 186.176 visits in total.