Context of Кипар

Кипар (грчки: Κύπρος, турски: Kıbrıs или официјално Република Кипар (грчки: Κυπριακή Δημοκρατία; турски: Kıbrıs Cumhuriyeti) — островска држава која се наоѓа во источниот дел на Средоземно Море, трет по големина и по населеност остров на Медитеранот, со местоположба јужно од Турција, западно од Сирија и Либан, северозападно од Израел и Палестина, северно од Египет и југоисточно од Грција.

Најраната позната човечка активност на островот датира околу 10 милениум пред нашата ера. Археолошки остатоци од овој период го вклучуваат добро сочуваното неолитско село Хирокитија, а Кипар е дом на некои од најстарите бунарски води во светот. Кипар бил населен од микенските Грци во 2 милениум п.н.е. Како стратешка локација на Блискиот Исток, подоцна островот бил окупиран од неколку големи сили, вклучувајќи ги царствата на Асирците, Египќаните и Персијците, п...Read more

Кипар (грчки: Κύπρος, турски: Kıbrıs или официјално Република Кипар (грчки: Κυπριακή Δημοκρατία; турски: Kıbrıs Cumhuriyeti) — островска држава која се наоѓа во источниот дел на Средоземно Море, трет по големина и по населеност остров на Медитеранот, со местоположба јужно од Турција, западно од Сирија и Либан, северозападно од Израел и Палестина, северно од Египет и југоисточно од Грција.

Најраната позната човечка активност на островот датира околу 10 милениум пред нашата ера. Археолошки остатоци од овој период го вклучуваат добро сочуваното неолитско село Хирокитија, а Кипар е дом на некои од најстарите бунарски води во светот. Кипар бил населен од микенските Грци во 2 милениум п.н.е. Како стратешка локација на Блискиот Исток, подоцна островот бил окупиран од неколку големи сили, вклучувајќи ги царствата на Асирците, Египќаните и Персијците, по кое островот бил освоен во 333 п.н.е. од Александар Велики. По распаѓањето на неговото царство со островот уште владееле и Птоломејски Египет, Римското Царство и Источното Римско Царство, арапски калифати за краток период, француската династија Лизињан и Венецијанците, три века отоманско владеење помеѓу 1571 и 1878 (де јуре до 1914.)

Кипар бил ставен под администрација на Велика Британија врз основа на Кипарската конвенција во 1878 година и официјално бил припоен од Велика Британија во 1914 година. Додека кипарските Турци сочинуваат 18% од населението, поделбата на Кипар и создавањето на турска држава на север станало политика на водачите на кипарските Турци и Турција во 1950-тите. Турските водачи во еден период се залагале за анексија на Кипар во Турција, бидејќи Кипар се сметал за „составен дел од Анатолија“, додека од 19 век голем дел од грчко-кипарско население и неговата православна црква се залагале за сојуз со Грција, што станало грчка национална политика во 1950-тите. По националистичкото насилство во 1950-тите, Кипар добил независност во 1960 година. Кризата од 1963-64 година довела до натамошно меѓуетничко насилство помеѓу кипарските Грци и кипарските Турци, коишто раселиле повеќе од 25.000 кипарски Турци. На 15 јули 1974 година, националниот премиер на кипарските Грци и елементите на Грчката воена хунта започнале процес на еносис, односно процес за присоединување на Кипар кон Грција. Поради овие настани, од страна на Турција била извршена инвазија на островот на 20 јули 1974 година, што довело до воспоставување на денешна територија Северен Кипар, и раселување на над 150.000 кипарски Грци и 50.000 кипарски Турци. Одделна држава на кипарските Турци на север била формирана со декларација во 1983 година. Овој потег бил широко осуден од меѓународната заедница, при што само Турција ја признала новата држава. Овие настани и политичката ситуација се прашања на континуиран спор.

Република Кипар има де јуре суверенитет над целиот остров, вклучувајќи ги и нејзините територијални води и ексклузивна економска зона, со исклучок на суверените подрачја на Акротири и Декелија, кои остануваат под контрола на Велика Британија според Лондонските и Циришките договори. Сепак, Република Кипар де факто е поделен на два главни дела: подрачјето под ефективна контрола на републиката, кое се наоѓа на југ и запад, и опфаќа околу 59% од областа на островот и на северот, управуван од самопрогласената Турска Република Северен Кипар што опфаќа околу 36% од областа на островот. Скоро 4% од областа на островот е покриена од тампон-зона на ООН. Меѓународната заедница смета дека северниот дел на островот е територија на Република Кипар, окупирана од турските сили. Окупацијата се смета за нелегална според меѓународното право, што претставува илегална окупација на територијата на ЕУ откако Кипар станал член на Европската Унија.

Кипар е меѓу поважните туристички одредишта во Средоземјето. Со напредна економија и со висок приход и многу висок индекс за човековиот развој, Република Кипар е член на Комонвелтот од 1961 година и бил основач на Движењето на неврзаните до приклучувањето кон Европската Унија на 1 мај 2004 година. На 1 јануари 2008 година, Република Кипар се приклучил на Еврозоната.

More about Кипар

Basic information
  • Currency Евро
  • Calling code +357
  • Internet domain .cy
  • Mains voltage 240V/50Hz
  • Democracy index 7.56
Population, Area & Driving side
  • Population 1141166
  • Area 9242
  • Driving side left

Where can you sleep near Кипар ?

Booking.com
492.524 visits in total, 9.211 Points of interest, 405 Destinations, 18 visits today.