Context of Грузија

Грузија (грузиски: საქართველო), позната до 1995 како Република Грузија (грузиски: საქართველოს რესპუბლიკა) — е држава во Источна Европа. На запад, Грузија излегува на Црното Море, на север граничи со Русија, на југ со Турција и на исток со Азербејџан. Грузија опфаќа територија од 69.700 квадратни километри, а нејзиното население во 2017 година изнесувало околу 3.718 милиони. Главен град на државата е Тбилиси, додека службен јазик е грузискиот јазик. Грузија е унитарна парламентарна република, при што владата се избира преку посредна демократија.

За време на класичната ера, неколку независни кралства се формирале на територијата на денешна Грузија, како што се Колхида и Иберија. Грузијците официјално го прифатиле христијанството во раниот 4 век. Општото верување имало огромна важност за духовно и политичко обединување на раните грузиски држави. Обединетото Кралство Грузија ја постигнало својата златна доба за време на владеењето на кралот Давид и кралицата Тамар во 12 и ...Read more

Грузија (грузиски: საქართველო), позната до 1995 како Република Грузија (грузиски: საქართველოს რესპუბლიკა) — е држава во Источна Европа. На запад, Грузија излегува на Црното Море, на север граничи со Русија, на југ со Турција и на исток со Азербејџан. Грузија опфаќа територија од 69.700 квадратни километри, а нејзиното население во 2017 година изнесувало околу 3.718 милиони. Главен град на државата е Тбилиси, додека службен јазик е грузискиот јазик. Грузија е унитарна парламентарна република, при што владата се избира преку посредна демократија.

За време на класичната ера, неколку независни кралства се формирале на територијата на денешна Грузија, како што се Колхида и Иберија. Грузијците официјално го прифатиле христијанството во раниот 4 век. Општото верување имало огромна важност за духовно и политичко обединување на раните грузиски држави. Обединетото Кралство Грузија ја постигнало својата златна доба за време на владеењето на кралот Давид и кралицата Тамар во 12 и почетокот на 13 век. Потоа, кралството било соочено со пат и на крајот се распаднало, паѓајќи под хегемонија на разни регионални сили, вклучувајќи ги и Монголците, Османлиите и последователните династии на Иран. Во доцниот XVIII век, источното грузиско царство Картли-Кахети направило сојуз со Руското Царство, што директно го анектирало царството во 1801 година. Руското владеење над Грузија на крајот било признато во разни мировни договори со Иран и Османлиите и останатите грузиски територии биле апсорбирани од страна на Руското Царство на поединечен начин во текот на XIX век. За време на Граѓанската војна по Руската револуција во 1917 година, Грузија накратко станала дел од Тракскавкаската Демократска Федеративна Република, а потоа стекнала и краткотрајна независност пред инвазијата на руската армија во 1921 година, со која била формирана влада на работничките и селански совети. Советска Грузија била вклучена во Транскавказската федерација која во 1922 година била една од основачките на Советскиот Сојуз. Во 1936 година, Транскавказската федерација била распуштена и Грузија станала формално дел од Советскиот Сојуз под името Грузиска Советска Социјалистичка Република. За време на Втората светска војна, речиси 700.000 Грузијци се бореле во Црвената армија против Германците. По смртта на советскиот водач Јосиф Сталин, роден во Грузија, започнал да се шири протест против Никита Хрушчов и неговите реформи за десталинизација, што довело до смрт на речиси стотина студенти во 1956 година.

До 1980-тите, Грузијците биле подготвени целосно да го напуштат постојниот систем. Движењето за независност довело до отцепување од Советскиот Сојуз во април 1991 година. Во поголемиот дел од следната деценија, постсоветската Грузија страдала од граѓански конфликти, војни во Абхазија и Јужна Осетија и економска криза. По Револуцијата на розите во 2003 година, Грузија продолжила со прозападната надворешна политика, насочувајќи се кон НАТО и европската интеграција, вовела низа демократски и економски реформи. Ова довело зацврстување на државните институции. Западна ориентација на земјата наскоро довела до влошување на односите со Русија, кулминирајќи во кратката Руско-грузиска војна во август 2008 година и поради територијален спор на Грузија со Русија.

Грузија е член на ООН, Советот на Европа и Организацијата на ГУМ за демократија и економски развој. Во неа се наоѓаат два де факто два независни региони, Абхазија и Јужна Осетија, кои добиле многу ограничено меѓународно признание по Руско-грузиската војна во 2008 година. Грузија и повеќето земји во светот ги сметаат регионите за грузиска територија под руска окупација.

More about Грузија

Basic information
  • Currency Грузиски лари
  • Native name საქართველო
  • Calling code +995
  • Internet domain .ge
  • Speed limit 110
  • Mains voltage 220V/50Hz
  • Democracy index 5.31
Population, Area & Driving side
  • Population 4573192
  • Area 69700
  • Driving side right

Phrasebook

Здраво
გამარჯობა
Светот
მსოფლიო
Здраво свету
Გამარჯობა მსოფლიო
Ви благодарам
Გმადლობთ
Збогум
ნახვამდის
Да
დიახ
бр
არა
Како си?
Როგორ ხარ?
Фино, благодарам
Კარგი, მადლობა
Колку е?
Რა ღირს?
Нула
Ნული
Еден
ერთი

Where can you sleep near Грузија ?

Booking.com
489.960 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 9 visits today.