Sultanahmet Camii
( Султан Ахмедова џамија )Џамијата „Султан Ахмед“ (турски: Sultanahmet Camii) — муслимански храм во Истанбул, Турција. Изградена од истакнатиот архитект Седефкар Мехмед-ага по наредба на султанот Ахмед I во периодот од 1609 до 1616 г. Поради своите бои — сина, зелена и бела, од плочка од порцелан, во Европа исто така е позната и како „Сина џамија“ (Mavi Camii).
Џамијата Султан Ахмед е првата џамија во Османлиското Царство, која има 6 минариња. Големината на молитвениот простор е 64 x 72 метри.
Add new comment