Osmanlı mimarisi ( Османлиска архитектура )

Османлиската архитектура е архитектура на која била создадена во времето на Османлиското Царство. Нејзиното време започнува во Бурса и Едрене во текот на 14 век и 15 век. Оваа архитектура е во голем степен наследник на архитектурата на селџуците, има големо влијание од Иран и исламските традиции на мамлуците, како и византиската архитектура. Скоро петстотини години, византиската архитектура служела како модел за многу од османлиските џамии. Како севкупност, османлиската архитектура низ историјата е запишана како мешавина од архитектурни традиции на Средоземното Море и Блискиот Исток.Исламската архитектура, која долго време се темелела на обични градби со опширни декорации, била променета од османлиската архитектура, која најмногу се заснова на религијата. Во Македонија, особено во Скопје и во Битола, може да се најдат некои од најдобрите примери на Отоманската архитектура надвор од денешна Турција.

Destinations