Context of Сирија

Сирија (арапски: سورية) или официјално Сириска Арапска Република (арапски: الجمهورية العربية السورية) — држава во Југозападна Азија која граничи со Либан на југозапад , Средоземното Море на запад, Турција на север, Ирак на исток, Јордан на југ, и Израел на југозапад. Земјата имаплодни рамнини, високи планини и пустини и е дом на различни етнички и религиозни групи, вклучувајќи ги и Сириските Арапи, Грци, Ерменци, Асирци, Курди, Черкези, Мандејци и Туркемени. Религиозни групи вклучуваат сунити, христијани, алавити, друзи, исмаили, манданци, шиити, евреи. Сунитите ја сочинуваат најголемата религиозна група во Сирија.

Сирија е унитарна република составена од 14 гувернери и е единствената земја која политички го поддржува Баасизмот. Таа е членка Обединетите Нации, Движењето на неврзаните и е суспендирана од Арапската лига во ноември 2011 година и Организацијата за исламска соработка, и од Средоземната Унија.

Терми...Read more

Терминот „Сирија“ порано се однесувал за целиот регион Левант, но денес оваа држава се наоѓа на територијата на неколку стари кралства и империи кои порано опстојувале и биле дел од старата Сирија. Дамаск, денешниот главен град на државата, бил главен град и на стариот Омејадски Калифат, како и седиште на Мамлучкиот Султанат. Дамаск се смета за еден од најстарите градови со постојана населеност во светот.

Денешната држава Сирија е создадена, првично, како француски протекторат, но во април 1946 година Сирија ја прогласила својата независност и станала независна парламентарна република. Пост-воениот период бил исто така исполнет со поголем број воени дејствија и бунтови кои се одвивале во периодот од 1949 до 1970 година. Уште од 1962 година, светските организации за човекови права ја сместуваат Сирија во групата на земји со недемократско владеење.

Сирија е владеена од партијата „Бат“ уште од 1963 година, иако всушност со државата владее мала група воени и политички челници. Моментален претседател на Сирија е Башар ел-Асад, кој е на таа позиција по вторпат. Башар ал-Асад е син на Хафиз ал-Асад, претседател на Сирија од 1970 до 2000 година. Државата имала важна улога во регионалната политика, особено во конфликтите на Израел со арапските држави.

Од март 2011 година, Сирија е вовлечена во вооружен конфликт, при што голем број земји во регионот и пошироко се вклучени воено или на друг начин. Како резултат на тоа, голем број на самопрогласени политички ентитети се појавиле на сириска територија, вклучувајќи ја и Сириската опозиција, Рохава, Тахрир ел-Шам и Исламската држава Ирак и Левант. Сирија е рангирана како последна на Глобалниот индекс на мирот, поради што стана најнасилна земја во светот поради војната. Војната убила повеќе од 570.000 лица, предизвикала 7,6 милиони внатрешно раселени лица (проценка на УНХЦР од 2015 година) и повеќе од 5 милиони бегалци (во јули 2017 година регистрирани од УНХЦР).

Главен град на Сирија е Дамаск, но најголем град во државата е Алеп. Вкупната површина на Сирија изнесува 185.180 км2 каде живеат околу 22.198.110 жители. Околу 80% од населението на Сирија се Арапи, додека остатокот вбројува Курди, Ерменци и Туркмени. Службен јазик во државата е арапскиот, додека најголема религија е исламот.

More about Сирија

Basic information
  • Native name سوريا
  • Calling code +963
  • Internet domain .sy
  • Mains voltage 220V/50Hz
  • Democracy index 1.43
Population, Area & Driving side
  • Population 18499181
  • Area 185180
  • Driving side right

Phrasebook

Здраво
مرحبًا
Светот
العالمية
Здраво свету
مرحبا بالعالم
Ви благодарам
شكرًا لك
Збогум
مع السلامة
Да
نعم
бр
رقم
Како си?
كيف حالك؟
Фино, благодарам
بخير، شكرا لك
Колку е?
كم سعره؟
Нула
صفر
Еден
واحد

Where can you sleep near Сирија ?

Booking.com
489.165 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 2 visits today.