Nargile ( Наргиле )

Наргиле (фарси: قلیان урду: حقّہ ); или шиша - инструмент кој се користи за пушење ароматизиран тутун, при што чадот минува низ база исполнета со вода, која најчесто е од стакло.

Што се однесува до влијанието врз здравјето, пушењето преку наргиле го изложува организмот на отровни хемикалии кои не ги филтрира водата, а постои и ризик од инфективни болести кога наргилето се користи истовремено со други лица. Постојат две теории за тоа кога и како настанало наргилето. Едната теорија вели дека наргилето го измислил Ирфан Шаик од Могулското Царство, а другата дека постои од времето на Сефевидската династија од Персија, од каде употребата на наргиле се проширила во Јужна Азија. и дека оттаму потоа употребата на наргиле се проширила на исток, во Индија. Наргилето брзо стигнало во Египет каде за кусо време станало популарно, а подоцна, таму е усовршен механизмот на наргилето.

Наргилето е популарен инструмент за пушење во многу земји каде има мигранти од Левант.