Hamam ( Амам )

Амам (турски: hamam) или турска бања — варијанта на парна бања, сауна или руска бања

Секој амам содржел пет групи простории: шадрван (гардероба) со квадратна основа, капалук (дел за адаптација) со правоаголни основи, халвет (простор за капење) еден квадратен простор на кој може да се надоврзат повеќе мали простории, хазна (водосклад) и ќулхан (ложиште). Во халветот по обемните ѕидови се изградени камени банкини и камени корита – курни. Амамите покривани се со куполи и сводови. Осветлувањето е зенитално. Градени се од камен и тула. Затоплувањето е подно и преку ѕидовите. Внатрешноста била украсувана со декоративна пластика, главно, во тромпите, во лаковите и во горните ѕидни партии.

Амамите биле градени како двојни, т.н. чифте амами со посебни делови за жени и за мажи или како едноделни. Познати се Чифте амам (XV) и Даут-пашин амам (1489–1497) во Скопје (и двата адаптирани во уметнички галерии), амамот Дебој (XVI в.) во Битола, Воска амам во Охрид, амамот во Тетово и др.

Destinations