Context of Лисабон

Лисабон (португалски: Lisboa) — главен и најголем град во Португалија со население над половина милион во рамките на неговите административни граници со површина од 84,8 км2. Урбаната област на Лисабон се протега надвор од административните граници со население од над 3 милиони на површина од 958 км2, правејќи ја 11. најнаселена урбана област во рамките на Европската Унија. Околу 3.035.000 луѓе живеат во метрополитенската област Лисабон (која претставува околу 27% од населението на земјата). Лисабон е најзападниот голем град сместен во Европа, како и најзападен главен град на европскиот континент и единствен долж атлантскиот брег. Се наоѓа во западниот дел на Пиринејскиот Полуостров на Океан и реката Тежо.

Лисабон е признат како глобален град поради неговото значење во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието и туризмот. Тој е еден од главните економски центри на ко...Read more

Лисабон (португалски: Lisboa) — главен и најголем град во Португалија со население над половина милион во рамките на неговите административни граници со површина од 84,8 км2. Урбаната област на Лисабон се протега надвор од административните граници со население од над 3 милиони на површина од 958 км2, правејќи ја 11. најнаселена урбана област во рамките на Европската Унија. Околу 3.035.000 луѓе живеат во метрополитенската област Лисабон (која претставува околу 27% од населението на земјата). Лисабон е најзападниот голем град сместен во Европа, како и најзападен главен град на европскиот континент и единствен долж атлантскиот брег. Се наоѓа во западниот дел на Пиринејскиот Полуостров на Океан и реката Тежо.

Лисабон е признат како глобален град поради неговото значење во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието и туризмот. Тој е еден од главните економски центри на континентот, со растечки финансиски сектор и најголемо/второ најголемо контејнерско пристаниште во Европа на атлантскиот брег. Аеродромот Лисабон-Портела опслужува 15,3 милиони патници годишно (2012); автопатската мрежа и системот на високобрзинска железница го поврзуваат со поголемите градови во Португалија. Градот е седми најмногу посетуван град во Јужна Европа, по Истанбул, Рим, Барселона, Мадрид, Атина и Милано, со 1.740.000 туристи во 2009. Лисабонскиот регион е најбогат регион во Португалија, БДП ПКМ по главна на жител е 26.100 евра (4,7% повеќе од европскиот просек). Таа е десетта најбогата метрополитенска област по БДП на континентот со 39.275 евра по глава на жител, 40% повеќе отколку европскиот просек. Градот се наоѓа на 32. место на највисоки бруто заработки во светот. Поголем дел од седиштата на компаниите во земјата се наоѓаат во неговиот регион и е деветти град во светот по одржани меѓународни конференции. Исто така претставува политички центар на земјата, како седиште на владата и резиденција на претседателот. Градот претставува и административно седиште на истоимениот округ и центар на Лисабонскиот регион.

Лисабон е еден од најстарите градови во светот и најстар град во Западна Европа, претходејќи на другите современи европски главни градови како Лондон, Париз и Рим. Гај Јулиј Цезар го направил муниципиум наречен Фелиситас Јулија (Felicitas Julia), додавајќи му го Олисипо. Владеен од низа германски племиња од петтиот век, бил освоен од Маврите во осмиот век. Во 1147, крстоносците под водство на Афонсу Први Велики повторно го освоил градот и оттогаш станал главен политички, економски и културен центар на Португалија. За разлика од многу главни градови, статусот на Лисабон како главен град на Португалија никогаш не бил доделен или потврден официјална – преку статут или во пишана форма. Неговата позиција како главен град произлегла преку уставната конвенција, со што станал де факто главен град како дел од Уставот на Португалија.

Лисабон е седиште на две агенции на Европската Унија: Европскиот мониторинг центар за дроги и зависност од дроги и Европската агенција за безбедност во поморството. Наречен „главен град на лузофонскиот свет“, Заедницата на земји со португалски јазик е сместен во градот.

Лисабон има два објекта заштитени од УНЕСКО како светско културно наследство: Кула Белем и Црква Јеронимо. Покрај тоа, во 1994, Лисабон бил европска престолнина на културата, а во 1998 го организирал Експо ’98.

Лисабон има средоземна клима. Помеѓу сите главни градови во Европа има најтопли зими, со просечна температура од 15 °C во текот на денот и 8 °C ноќе од декември до февруари. Вообичаената летна сезона трае околу шест месеци, од мај до октомври, иако исто така и во ноември, март и април температурите можат понекогаш да достигнат околу 20 °C.

Phrasebook

Здраво
Olá
Светот
Mundo
Здраво свету
Olá Mundo
Ви благодарам
obrigada
Збогум
Adeus
Да
Sim
бр
Não
Како си?
Como você está?
Фино, благодарам
Tudo bem, obrigado
Колку е?
Quanto isso custa?
Нула
Zero
Еден
Um

Where can you sleep near Лисабон ?

Booking.com
489.944 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 3 visits today.