Context of Порто

Порто (португалски: Porto, Порту) — втор најголем град во Португалија по Лисабон и еден од големите урбани области на Пиринејскиот Полуостров. Урбаната област на Порто, која се претега преку административните граници на градот, има население од 1,4 милиони жители (2011) на површина од 389 км2, со што е втора најголема урбана област во Португалија. Метрополитенската област на Порто, пак, вклучува приближно 1,8 милиони жители.

Со местоположба на устието на реката Дуеро на северот на Португалија, Порто е еден од најстарите европски градови, и историскиот центар на градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО од 1996 година. Западниот дел од урбаната област на градот се протега до крајбрежјето на Атлантскиот Океан. Населбата датира од пред многу векови, кога била бастион на Римското Царство. Комбинираното келтско-латинско име, Портус Кале, било наведено како потекло на името „Португалија“, врз основа на трансли...Read more

Порто (португалски: Porto, Порту) — втор најголем град во Португалија по Лисабон и еден од големите урбани области на Пиринејскиот Полуостров. Урбаната област на Порто, која се претега преку административните граници на градот, има население од 1,4 милиони жители (2011) на површина од 389 км2, со што е втора најголема урбана област во Португалија. Метрополитенската област на Порто, пак, вклучува приближно 1,8 милиони жители.

Со местоположба на устието на реката Дуеро на северот на Португалија, Порто е еден од најстарите европски градови, и историскиот центар на градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО од 1996 година. Западниот дел од урбаната област на градот се протега до крајбрежјето на Атлантскиот Океан. Населбата датира од пред многу векови, кога била бастион на Римското Царство. Комбинираното келтско-латинско име, Портус Кале, било наведено како потекло на името „Португалија“, врз основа на транслитерација и усна еволуција од латински јазик. На португалски јазик името на градот се пишува со одрреден член („о Порто“ што означува пристаништето).


Where can you sleep near Порто ?

Booking.com
487.368 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 1 visits today.