Белемска кула (португалски: Torre de Belém, официјално Кула на Свети Викентиј (португалски: Torre de São Vicente) — утврдување во Лисабон од 16 век коешто служело како точка за утовар и истовар на португалските морепловци и свечена влезна порта во градот. Кулата била изградена за време на процутот на португалската ренесанса и претставува препознатлив примерок на мануелинскиот стил, но исто така содржи одлики на други архитектонски стилови. Градбата била изградена од лиош — вид на варовник карактеристичен за Португалија — и е составена од бастион и четирикатна кула висока 30 м.
Во 1983 година, Белемската кула и Јеронимитскиот манастир биле впишани на списокот на Светско наследство на УНЕСКО. Кулата често е претставена како симбол на Големите географски откритија и е метоним за Португалија или Лисабон. Постои погрешно тврдење дека кулата била изградена насреде реката Тахо, но дендес се наоѓа покрај брегот поради ...Read more
Белемска кула (португалски: Torre de Belém, официјално Кула на Свети Викентиј (португалски: Torre de São Vicente) — утврдување во Лисабон од 16 век коешто служело како точка за утовар и истовар на португалските морепловци и свечена влезна порта во градот. Кулата била изградена за време на процутот на португалската ренесанса и претставува препознатлив примерок на мануелинскиот стил, но исто така содржи одлики на други архитектонски стилови. Градбата била изградена од лиош — вид на варовник карактеристичен за Португалија — и е составена од бастион и четирикатна кула висока 30 м.
Во 1983 година, Белемската кула и Јеронимитскиот манастир биле впишани на списокот на Светско наследство на УНЕСКО. Кулата често е претставена како симбол на Големите географски откритија и е метоним за Португалија или Лисабон. Постои погрешно тврдење дека кулата била изградена насреде реката Тахо, но дендес се наоѓа покрај брегот поради пренасочувањето на реката по лисабонскиот земјотрес од 1755. Всушност, кулата била изградена на мал остров во реката Тахо покрај лисабонското крајбрежје.
Add new comment