Context of Гибралтар

Гибралтар (англиски: Gibraltar) — британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров, на Гибралтарскиот Проток. Територијата се граничи на север со Шпанија, а останатите делови се опколени со Средоземното Море и Атлантикот. Гибралтар историски бил многу важна стратешка точка поради што бил предмет на напади и освојувања, а од 1713 со Договорот од Утрехт е под контрола на Велика Британија.

Името на Гибралтар потекнува од Арапското име Гиб ел Тарик што значи „Карпата од Тарик“, и се однесува на берберскиот војсководец Тарик Ибн-Зијад, кој го предводел нападот на Умајадскиот калифат на Иберија во 711 година.

Статусот на Гибралтар е предмет на спор помеѓу Велика Британија и Шпанија. Шпанија бара враќање на суверенитетот или поделен суверенитет со Британија, но повеќето Гибралтарци се противат на ова.

More about Гибралтар

Basic information
Population, Area & Driving side
  • Population 34003
  • Area 6
  • Driving side right

Where can you sleep near Гибралтар ?

Booking.com
487.369 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 2 visits today.