Мост Васко де Гама (португалски: Ponte Vasco da Gama) — кабелски мост преку реката Тахо во Парке дас Насоес (Парк на нациите) во Лисабон, главниот град на Португалија.
Тој е втор најдолг мост во Европа, по Кримскиот мост, и најдолг во Европската Унија. Изграден е за да се ублажи метежот на мостот „25 Април“ во Лисабон и да се избегне потребата сообраќајот меѓу северните и јужните области на земјата да поминува низ главниот град.
Изградбата започнала во февруари 1995 година; мостот бил отворен за сообраќај на 29 март 1998 година, токму на време за Експо 98, Светскиот саем кој ја прославувал 500-годишнината од откривањето на морскиот пат од Европа до Индија од страна на Васко де Гама.
Васко де Гама е еден од двата моста што се протегаат преку реката Тахо во Лисабон.
Add new comment