Context of Истанбул

Истанбул (турски: İstanbul; низ историјата познат и како Византион, старогрчки: Βυζάντιον, латински: BYZANTIVM; Цариград, старогрчки: Κωνσταντινούπολις; Цариград, старословенски: Цѣсарьградъ) — најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 14.657.434 жители. Истанбул, исто така е велеград, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената покраина. Градот е расположен на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија.

Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римско Царство (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинско Царство (1204-1261), и Отоманско Царс...Read more

Истанбул (турски: İstanbul; низ историјата познат и како Византион, старогрчки: Βυζάντιον, латински: BYZANTIVM; Цариград, старогрчки: Κωνσταντινούπολις; Цариград, старословенски: Цѣсарьградъ) — најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 14.657.434 жители. Истанбул, исто така е велеград, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената покраина. Градот е расположен на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија.

Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римско Царство (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинско Царство (1204-1261), и Отоманско Царство (1453-1922). Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година.

Where can you sleep near Истанбул ?

Booking.com
523.117 visits in total, 9.230 Points of interest, 405 Destinations, 259 visits today.