Context of Македонија

За останати значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.

Македонија, службено позната под новото контроверзно уставно име Република Северна Македонија (РСМ) или скратено Северна Македонија — држава сместена на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Земјата е една од наследничките држави на поранешна СФРЈ, од која прогласи независност во 1991 година. Зафаќа околу 38 % од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија на север, Косово на северозапад, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако е континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.

Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 жители (проц. 2004). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Стр...Read more

За останати значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.

Македонија, службено позната под новото контроверзно уставно име Република Северна Македонија (РСМ) или скратено Северна Македонија — држава сместена на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Земјата е една од наследничките држави на поранешна СФРЈ, од која прогласи независност во 1991 година. Зафаќа околу 38 % од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија на север, Косово на северозапад, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако е континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.

Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 жители (проц. 2004). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Кочани и Кичево. Македонија има вкупно 25.713 км2 во кои живеат околу 2.114.550 жители (проц. 2009), од кои мнозинството се Македонци. Службен јазик во државата е македонскиот, додека официјална валута е денарот.

Во 1993 година, Македонија станала членка на Обединетите нации, но поради спорот со името кој го водела со Република Грција, таа била примена под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа и НАТО. Од декември 2005 година, исто така, таа е и кандидат за приклучување кон Европската Унија.

Phrasebook

Здраво
Здраво
Светот
Светот
Здраво свету
Здраво свету
Ви благодарам
Ви благодарам
Збогум
Збогум
Да
Да
бр
бр
Како си?
Како си?
Фино, благодарам
Фино, благодарам
Колку е?
Колку е?
Нула
Нула
Еден
Еден

Where can you sleep near Македонија ?

Booking.com
489.410 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 48 visits today.