Context of Бугарија

Оваа статија се однесува за современата држава на Балканот, за други значења погледнете Бугарија (појаснување).

Бугарија (бугарски: България) или официјално Република Бугарија (Република България) — држава во Југоисточна Европа, која излегува на Црно Море на исток, на југ граничи со Грција и Турција, со Србија и Македонија на запад и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел од границата ја дели областа Добруџа. Бугарија има вкупна површина од 110 911,5 квадратни километри.

Бугарски земји биле населени од неолитот. Првата документирана цивилизација која живеела на територијата на Бугарија биле Тракијците. Тие биле асимилирани од Римјаните, а подоцна од страна на Словените во 6 век. Околу 670, прабугарски орди пристигнале на Балканскиот Полуостров и го основале „Првото Бугарско Царство“, признато од Византија во 681 година. Бугарската држава станала културниот центар...Read more

Оваа статија се однесува за современата држава на Балканот, за други значења погледнете Бугарија (појаснување).

Бугарија (бугарски: България) или официјално Република Бугарија (Република България) — држава во Југоисточна Европа, која излегува на Црно Море на исток, на југ граничи со Грција и Турција, со Србија и Македонија на запад и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел од границата ја дели областа Добруџа. Бугарија има вкупна површина од 110 911,5 квадратни километри.

Бугарски земји биле населени од неолитот. Првата документирана цивилизација која живеела на територијата на Бугарија биле Тракијците. Тие биле асимилирани од Римјаните, а подоцна од страна на Словените во 6 век. Околу 670, прабугарски орди пристигнале на Балканскиот Полуостров и го основале „Првото Бугарско Царство“, признато од Византија во 681 година. Бугарската држава станала културниот центар за сите Словени во текот на средниот век сè до падот на „Второто Бугарско Царство“ под отоманска власт во 1396. Во 1878 година на Руско-турската војна резултирал со основање на „Трето Бугарско Царство“. Таа станала комунистичка народна република и сојузник на Советскиот Сојуз во 1946 година. Колапсот на Источниот блок во 1989 година донел демократски промени во Бугарија и резултирал со нејзиното членство во Европската Унија во 2007 година.

Главен град на Бугарија е Софија, кој има околу 1 290 000 жители. Други поголеми градови се Пловдив (331 796), Варна (330 486) и Бургас (197 301). Бугарија е членка на повеќе меѓународни организации, меѓу кои и во НАТО, Светската трговска организација, Европската Унија, како и трипати непостојана членка на Советот за безбедност на ОН и еден од основачите на ОБСЕ.

More about Бугарија

Basic information
  • Currency Бугарски лев
  • Native name България
  • Calling code +359
  • Internet domain .bg
  • Mains voltage 230V/50Hz
  • Democracy index 6.71
Population, Area & Driving side
  • Population 6447710
  • Area 110993
  • Driving side right

Phrasebook

Здраво
Здравейте
Светот
Свят
Здраво свету
Здравей свят
Ви благодарам
Благодаря ти
Збогум
Довиждане
Да
да
бр
Не
Како си?
Как сте?
Фино, благодарам
Добре, благодаря
Колку е?
Колко струва?
Нула
Нула
Еден
един

Where can you sleep near Бугарија ?

Booking.com
489.963 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 12 visits today.