Konstantinopolis ( Цариград )

Цариград (старословенски: Цѣсарьградъ, црковнословенски: Царьгра̀дъ) или Константинопол (старогрчки: Κωνσταντινούπολις - „Константиновград“) — престолнина на Римското Царство (330-395), Византија (Источно Римско Царство) (395-1204 и 1261-1453), Латинското (1204-1261) и Османлиското царство (1453-1922). Официјално, од 1930 година, градот станал престолнина на новата Турска држава под името Истанбул. Градот бил основан од страна на римскиот цар Константин I Велики кој барал нова престолнина. Во неговата изградба учествувале над милион робови. Биле изградени големи и високи ѕидини кои придонесувале внатрешноста на градот да биде скоро недопирлива. Во продолжение на неколку векови, тој бил најголемиот град по жители со население од 12 000 000 жители .

Destinations