Context of Босна и Херцеговина

Поимот „Босна“ пренасочува тука. За други значења на поимот „Босна“ видете Босна (појаснување).

Босна и Херцеговина или скратено БиХ — земја во Југоисточна Европа, која се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Сараево е главен и најголем град во земјата.

Босна и Херцеговина е речиси континентална држава - има тесен брег долго околу 20 километри на Јадранското Море околу градот Неум. Босна и Херцеговина се граничи со Хрватска на север, запад и југ; Србија на исток; и Црна Гора на југоисток. Во централниот и источниот дел на земјата, географијата е планинска, на северозапад е умерено ридска, а североисточниот дел е претежно рамен. Во внатрешноста (Босна) преовладува умерена континентална клима, со жешки лета и студени и снежни зими. Јужниот дел, Херцеговина, има средоземна клима и обична топографија.

Во Босна и Херцеговина биле откриени човечки населби од времето на неолитот, а на овие простори живееле илирски и келтски цивилизации. Култу...Read more

Поимот „Босна“ пренасочува тука. За други значења на поимот „Босна“ видете Босна (појаснување).

Босна и Херцеговина или скратено БиХ — земја во Југоисточна Европа, која се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Сараево е главен и најголем град во земјата.

Босна и Херцеговина е речиси континентална држава - има тесен брег долго околу 20 километри на Јадранското Море околу градот Неум. Босна и Херцеговина се граничи со Хрватска на север, запад и југ; Србија на исток; и Црна Гора на југоисток. Во централниот и источниот дел на земјата, географијата е планинска, на северозапад е умерено ридска, а североисточниот дел е претежно рамен. Во внатрешноста (Босна) преовладува умерена континентална клима, со жешки лета и студени и снежни зими. Јужниот дел, Херцеговина, има средоземна клима и обична топографија.

Во Босна и Херцеговина биле откриени човечки населби од времето на неолитот, а на овие простори живееле илирски и келтски цивилизации. Културно, политички и општествено, земјата има богата историја. Најпрвин се населиле словенските народи од 6 до 9 век. Во 12 век била основана Бановина Босна, која во 14 век прераснала во Кралство Босна, а потоа земјата била вклучена во составот на Отоманското Царство, под чие владеење останало од средината на 15 до крајот на 19 век. Османлиите го вовеле исламот во регионот, и измениле голем дел од културниот и социјалниот изглед на земјата. Крајот на османлиското владеење завршил најпрвин со анексијата на земјата од Австроунгарија, која траела до Првата светска војна. Во меѓувоениот период, Босна и Херцеговина била дел од Кралство Југославија, а по Втората светска војна добила целосен републички статус во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По распадот на Југославија, републиката прогласила независност во 1992 година, по што следувала Босанската војна, која траела до крајот на 1995 година.

Туризмот во Босна и Херцеговина се зголемил на двоцифрени стапки во последниве години. Босна и Херцеговина е регионално и меѓународно позната по својата природна околина и културно наследство наследено од шест историски цивилизации, нејзината кујна, зимски спортови, уникатна музика, архитектура и нејзините фестивали, од кои некои се најголеми и најистакнати во Југоисточна Европа. Земјата е дом на три главни етнички групи или, официјално, конститутивни народи, како што е наведено во Уставот. Бошњаците се најголемата група, по кое следуваат Србите и Хрватите. Роден во Босна и Херцеговина, без разлика на етничката припадност, обично се идентификува како Босанец. Малцинствата, дефинирани според уставната номенклатура „Други“, вклучуваат Евреи, Роми, Полјаци, Украинци и Турци. Босна и Херцеговина има дводомно законодавно тело и тричлено претседателство составено од член на секоја од главните етнички групи. Сепак, моќта на централната влада е многу ограничена, бидејќи земјата е во голема мера децентрализирана и се состои од два автономни ентитети: Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска, како и округот Брчко, управуван под локална власт. Федерацијата на Босна и Херцеговина се состои од 10 кантони.

Босна и Херцеговина е рангирана високо во однос на човековиот развој и има економија во која доминираат индустријата и земјоделскиот сектор, по што следат туристичкиот и услужниот сектор. Земјата има социјална сигурност и универзален здравствен систем, а образованието во основно и средно образование е бесплатно. Босна и Херцеговина е членка на ООН, ОБСЕ, Советот на Европа, ПзМ, ЦЕФТА и основачки член на Средоземната Унија по нејзиното формирање во јули 2008 година. Земјата е апликант за членство во Европската Унија и е кандидат за членство во НАТО од април 2010 година, кога добила Акционен план за членство.

More about Босна и Херцеговина

Basic information
Population, Area & Driving side
  • Population 3816459
  • Area 51197
  • Driving side right

Where can you sleep near Босна и Херцеговина ?

Booking.com
489.930 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 95 visits today.