Богомилство
Богомилство — христијанско верско учење во средновековна Македонија и пошироко. Се појавува како реакција на социјалното раслојување што настанува како резултат на воведувањето на феудализмот и на поддршката на власта од страна на официјалната христијанска црква. Богомилството било дуалистичко учење според кое реалниот свет го создал не Бог, туку ѓаволот. Богомилите го отфрлиле крстот како свој верски симбол, не граделе цркви и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека Исус не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по попот Богомил, по кого, пак, е наречено селото Богомила.