Мостар — град и општина во Босна и Херцеговина. Според прелиминарните податоци од пописот во 2013 година во Босна и Херцеговина, во Мостар живеат 113.169 жители. Мостар е најважниот град во регионот на Херцеговина, неговата културна престолнина, и центар на Херцеговско-неретванскиот кантон. Во градот поминува реката Неретва и е петти по големина град во земјата. Мостар своето име го добил по чуварите на мостот (mostari) кои во средниот век го чувале Стариот мост по текот на Неретва. Стариот мост, изграден од страна на Османлиите во 16 век, е еден од најпрепознатливите обележја на Босна и Херцеговина, и се смета за еден од најпознатите примери на исламската архитектура на Балканот.
Add new comment