Slovenija
СловенијаContext of Словенија
Словенија (словенечки: Slovenija), официјално: Република Словенија (Republika Slovenija) — планинска земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е држава во Средна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.
Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави.
Главен град: Љубљана. Број на жители: 2. 053 488 (2009.). Површина: 20 273 км2
На Словенија припаѓа и многу мал дел од јадранското крајбрежје во должина од 47 км. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји.
Словенија е земја која обилув...Read more

Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се привлечни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја.
Словенците се нација кои важат за работливи луѓе. Тие се горди на својата работа и производите кои произлегуваат како продукт од истата. Посебно се горди на своите вина, во Марибор се наоѓа најстарата винова лоза во Словенија која претставува вистинска туристичка атракција. Доста се познати и крањските колбаси, прекумурската гибаница и традиционалнито словенечко јадење од кисела зелка, грав и свинско месо.
More about Словенија
- Currency Евро
- Native name Slovenija
- Calling code +386
- Internet domain .si
- Mains voltage 230V/50Hz
- Democracy index 7.54
- Population 1913355
- Area 20271
- Driving side right