Ќебапче
Ќебапче – валчесто парче од мелено месо, печено на скара . Се јавуваат во сите краишта од Балканскиот Полуостров, а особено во краиштата од бивша Југославија кои биле под османлиска власт. Видовите месо од кои се прават ќебапчињата се разликува од место до место, а тоа зависи и од вероисповедта која преовладува во тој крај. Може да се најдат и како вид брза храна во лепиња и со прилози.
До XX век не биле користени машини за мелење месо, па тоа ситно се сечкало. Се тврди дека сè уште тоа е најдобар начин на ситнење на бидејќи месото останува посочно и не може да загори. На месото му се додаваат зачини, се меси и се истиснува низ вид инка која му го дава карактеристичниот облик и потоа се печи на скара. Посебно се цени доколку скарата се ложи на ќумур од буково или дабово дрво.
Угостителскиот објект во кој се подготвуваат ќебапчињата се вика ќебапчилница, а оној што ги прави, пече се вика ќебапчија