孙子兵法 ( Умешноста на војувањето )

Умешноста на војувањето (кинески: 孫子兵法, транскр. Сун-це бинг фа, буквално: „Воената стратегија на Сун-це“) — кинески воен трактат напишан за време на 6 век п.н.е. од Сун-це. Книгата е составена од 13 глави; секоја е посветена на еден аспект на војувањето. Ова дело се смета за врвен авторитет за воената стратегија и тактика во своето време.

„Умешноста на војувањето“ е една од најстарите и најпознатите студии на тема стратегија која извршила огромно влијание врз веоната стратегија и друго. За првпат во Европа делото го преведува францускиот езуит Жан Жозеф Мари Амијо во 1782. Делото се смета дека имало влијание на Наполеон, германскиот Генералштаб, па дури и на планирањето на операцијата „пустинска бура“. „Умешноста на војувањето“ има инспирирано многу светски водачи како Мао Це Тунг, Во Нуен Зиап и Даглас Мекартур.

Почнувајќи од дваесеттиот век, „Умешноста на војувањето“ се применува и кај бизнис и менаџмент-стратегиите со многу успех.