Context of Венеција

Венеција (италијански: Venezia, венетски: Venexia) — главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во Венецијанскиот Залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република.

Градот бил основан во 569 година кога група бегалци, за да се спасат од инвазијата на Лонгобардите, се населиле во крајбрежната област.

До градот има и железничка пруга и автопат преку големиот „лагунски мост“. На островот Лидо се наоѓа и аеродромот “Марко Поло”.

Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали пароброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.

Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други ц...Read more

Венеција (италијански: Venezia, венетски: Venexia) — главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во Венецијанскиот Залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република.

Градот бил основан во 569 година кога група бегалци, за да се спасат од инвазијата на Лонгобардите, се населиле во крајбрежната област.

До градот има и железничка пруга и автопат преку големиот „лагунски мост“. На островот Лидо се наоѓа и аеродромот “Марко Поло”.

Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали пароброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.

Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите, опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржуваат и познатиот Венецијански филмски фестивал, Биеналето, Тетарскиот фестивал. Позната е и по изработката на предмети од стакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.

Најзначајните економски средства на градот произлегуваат од туризмот, додека другите производствени активности се префрлени на копно, во блиските центри како Местре и Маргера. Од оваа причина многу изворни жители на Венеција се преселуваат а прекрасните венецијански палати се напуштаат и се употребуваат во туристички цели.

Венеција (италијански: Venezia, венециски: Venexia] е град во северна Италија познат по туризмот и индустријата, и е главен град на регионот Венето, со население од околу 270.660 (според извршениот попис na 30 Април 2009 година). Заедно со Падова и Тревизо, градот е вклучен во областа Падуа-Тревизо-Венеција (PATREVE) (1.600.000 жители). Името потекнува од древните народи Венети кои го населиле регионот во 10 век п.н.е. Градот историски бил главен град на Венецијанската Република. Венеција е позната и како „Lа Dominante“, „Serenisima“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на водата“, „Град на маски“, „Градот на мостови“ и „Ловечки град„ и “Град на канали“. Лујџи Барцини, пишувајќи за „Њујорк Tајмс“, го опишал како „несомнено најубавиот град изграден од страна на човекот“ [3] Венеција исто така е опишана од страна на Тајмс Онлајн како еден од најромантичните градови во Европа [4].

Градот се протега преку 117 мали острови во мочурливата Венецијанскa лагуна долж Јадранското Море во североисточниот дел на Италија. Лагуната од солена вода се протега по должината на брегот помеѓу утоките на реките По (југ) и Пијава (север). Населението кое е проценето на 272.000 жители go вклучува и населението на целата општина Венеција; околу 60.000 [5] во историскиот град на Венеција (Centro storico);176.000 во Тераферма (на копното), претежно во големте frazioni на Местре и Маргера; а 31.000 живеат на другите острови во лагуната.

Република Венеција беше главна поморскa моќ за време на средниот век и ренесансата, и место за одмор на крстоносните војни и Битката кај Лепанто, како и многу важен центар за трговија (особено на свилa, жито и трговија со зачини) и уметност од 13 век до крајот на 17 век. Ова ja направило Венеција богат град во текот на поголемиот дел од својата историја. [6] Тој исто така е познат по своите неколку значајни уметнички движења, особено периодот na ренесансата. Венеција има одиграно значајна улога во историјата на симфониската и оперската музика, и тоа е родното место на Антонио Вивалди.

Where can you sleep near Венеција ?

Booking.com
489.984 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 33 visits today.