Gran Teatro La Fenice
( Ла Фениче )
Театар Ла Фениче, често само Ла Фениче (италијански: Gran Teatro La Fenice) е оперска куќа во Венеција, една од најпознатите во историјата на операта. Нејзиното име значи феникс, што е поврзано со честите пожари и реновирањето низ кое минувала. Овој театар има седишта за околу 1.000 гледачи.
Во текот на 19-тиот век во Ла Фениче биле премиерно изведени познатите бел канто опери, дела од Росини, Белини, Доницети и Верди.
Add new comment