Context of Фиренца

Фиренца (италијански: Firenze) е сместена во Централна Италија и е главен град на покраината Тоскана. Тоа е најнаселениот град во Тоскана, со 383.084 жители во 2013 година, и над 1.520.000 во нејзината метрополитанска област.

Фиренца била центар на средновековната европска трговија, финансии и еден од најбогатите градови од таа ера. Според многу академици е родното место на ренесансата и е наречена „Атина на средниот век“. Нејзината бурна политичка историја вклучува периоди на владеење од моќното семејство Медичи и бројни религиозни и републички револуции. Од 1865 до 1871 година градот служел како главен град на Кралството Италија (основан во 1861 година). Фирентинскиот дијалект ја формирал основата на стандардниот италијански јазик и тој станал јазик на културата низ цела Италија благодарение на престижот на ремек-делата од Данте Алигиери, Франческо Петрарка, Џовани Бокачо, Николо Макијавели и Франческо Гвичардини .

Градот привлек...Read more

Градот привлекува милиони туристи годишно, а УНЕСКО го прогласил историскиот центар на Фиренца за светско наследство во 1982 година. Градот е познат по својата култура, ренесансна уметност и архитектура и споменици. Градот исто така содржи бројни музеи и уметнички галерии, како што се галеријата „Уфици“ и „ Палацо Пити“, и сè уште има влијание во областите на уметноста, културата и политиката. Поради уметничкото и архитектонско наследство на Фиренца, Форбс го рангираше како еден од најубавите градови во светот.

Фиренца игра важна улога во италијанската мода, и е рангирана во првите 15 модни метрополи на светот според Глобалниот јазичен монитор; дополнително, тоа е голем национален економски центар како и туристички и индустриски центар. Во 2008 година градот имаше 17-ти највисок просечен приход во Италија.

Where can you sleep near Фиренца ?

Booking.com
489.311 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 138 visits today.