Basilica di San Marco

( Базилика Свети Марко (Венеција) )
Поврзано: Свети Марко (појаснување)

Базиликата „Свети Марко“ (италијански: Basilica Cattedrale Patriarcale di San Marco) е катедрална црква која се наоѓа во градот Венеција во Италија. Овој христијански објект е најпознатиот христијански храм во градот и еден од најпознатите примери на византиската архитектура. Катедралната црква се наоѓа на истоимениот плоштад и истоимениот регион. Во близина на црквата се наоѓа Дуждовата палата.

Изградбата на црквата започнала веднаш откако венецијанските трговци во 828 година ги пронашле моштите на Свети Марко Евангелист во еден столб од страна на Витале Фалиеро, кој во тоа време бил дужд. Првата црква изгорела во голем пожар кој се случил во 932 година. По ова започнала реконструкција на црквата. Но според Доменико Контарини, црквата била доста скромна во однос на останатите цркви во градот. Денешниот изглед црквата го добила во 1063 година. Оваа црква била изградена по примерот на цркват...Read more

Поврзано: Свети Марко (појаснување)

Базиликата „Свети Марко“ (италијански: Basilica Cattedrale Patriarcale di San Marco) е катедрална црква која се наоѓа во градот Венеција во Италија. Овој христијански објект е најпознатиот христијански храм во градот и еден од најпознатите примери на византиската архитектура. Катедралната црква се наоѓа на истоимениот плоштад и истоимениот регион. Во близина на црквата се наоѓа Дуждовата палата.

Изградбата на црквата започнала веднаш откако венецијанските трговци во 828 година ги пронашле моштите на Свети Марко Евангелист во еден столб од страна на Витале Фалиеро, кој во тоа време бил дужд. Првата црква изгорела во голем пожар кој се случил во 932 година. По ова започнала реконструкција на црквата. Но според Доменико Контарини, црквата била доста скромна во однос на останатите цркви во градот. Денешниот изглед црквата го добила во 1063 година. Оваа црква била изградена по примерот на црквата Свети Апостоли во Цариград, која денеска не постои.

Првобитната црква посветена на Апостол Марко била неукрасена, без фрески и скулптури. Изградбата на црквата била завршена во текот на 1617 година.

Базиликата е долга 76,5 метри и висока 43 метри. На почетокот се користела како параклис на венецијанските управители, а не како катедрална црква. Во 1807 година станала седиште на патријархот на Венеција, архиепископ на римокатоличката епархија на Венеција. Зградата е позната и како Златна црква.

Во текот на XX век, три патријарси на Венеција биле избрани за папи на Римокатоличката црква, и тоа:

  • кардинал Џузепе Сарто, патријарх од 1893 до 1903 година, познат како Папа Пиј X
  • кардинал Анџело Џузепе Ронкали, патријарх од 1953 до 1958 година, познат како Папа Јован XXIII
  • кардинал Албино Лучијани, патријарх од 1969 до 1978 година, познат како Папа Јован Павле I
Photographies by:
Statistics: Position
727
Statistics: Rank
292804

Add new comment

CAPTCHA
Security
379461852Click/tap this sequence: 3219
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Базилика Свети Марко (Венеција) ?

Booking.com

What can you do near Базилика Свети Марко (Венеција) ?

8.843.249 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 4.705 visits today.