Context of Мезоамерика

Оваа статија е за културен регион. За географскиот регион видете Средна Америка.

Мезоамерика (шпански: Mesoamérica, во пред. „Средна Америка“) — културен регион во Америка, кој опфаќа територии од централно Мексико, Белиз, Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва и северна Костарика. Во овој регион се развиле поголем број претколумбовски цивилизации, кои опстојувале сè до шпанската инвазија во Средна Америка во 15 и 16 век.

Како културна област, Мезоамерика е дефинирана како мозаик на култури кои ги развиле староседелските народи. Најрано во 7000 г.п.н.е. со припитомувањето на пченката, гравот, чилито, кучето, мисирката и други, палеоиндијанските племиња се организирале во организирани групи составени од функционални села. Со подоцнежниот развој на културите, се развиле и комплексни митолошки и религиски обичаи, бројни системи, календари, игри и архитектура. Тоа довело до развој на голем број урбани и церемонијал...Read more

Оваа статија е за културен регион. За географскиот регион видете Средна Америка.

Мезоамерика (шпански: Mesoamérica, во пред. „Средна Америка“) — културен регион во Америка, кој опфаќа територии од централно Мексико, Белиз, Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва и северна Костарика. Во овој регион се развиле поголем број претколумбовски цивилизации, кои опстојувале сè до шпанската инвазија во Средна Америка во 15 и 16 век.

Како културна област, Мезоамерика е дефинирана како мозаик на култури кои ги развиле староседелските народи. Најрано во 7000 г.п.н.е. со припитомувањето на пченката, гравот, чилито, кучето, мисирката и други, палеоиндијанските племиња се организирале во организирани групи составени од функционални села. Со подоцнежниот развој на културите, се развиле и комплексни митолошки и религиски обичаи, бројни системи, календари, игри и архитектура. Тоа довело до развој на голем број урбани и церемонијални центри, каде елитата се истакнала од обичниот народ.

Една од најстарите сложени цивилизации биле Олмеците, кои потекнуваат од крајбрежјето на Мексиканскиот Залив и се прошириле во внатрешноста кон југ. Раниот контакт на Олмеците со останатите рани староседелци, како што се Чијапасите, Гватемалите и Оашаките, довело до основање на мезоамериканската културна област. Овој период е карактеристичен по проширувањето на религиски и симболични традиции, како и уметнички и архитектонски елементи. Така, за време на преткласичниот пероиод се развиле мајанските градови-држави, како што се Ел Мирадор, Калакмул и Тикал, но и запотечките на Монте Албан. За време на овој период се развило и првите вистински мезоамерикански писма, првично од Епи-Олмеците и Запотеците. Најистакнато писмо овој регион е мајанското писмо. Мезоамерика е еден од петте региони во светот каде писмото било развиено самостојно. Во централно Мексико се основал градот Теотивакан, кој бил основа за една силна трговска и воена империја. Со падот на Теотивакан во 600 година, во регионот почнале се доселуваат Ацтеки од северот и ја основале Ацетчката Империја. Покрај овие цивилизации, во Мезоамерика се развиле и Толтеците и Миштеците.

Where can you sleep near Мезоамерика ?

Booking.com
522.904 visits in total, 9.230 Points of interest, 405 Destinations, 102 visits today.