Ацтечки јазик

Оваа статија е за современиот јазик. За стариот јазик, кој воедно бил службен јазик во Ацтечката Империја, видете класичен ацтечки јазик.

Ацтечки јазик (nāhuatl, наватл) или навански — американски староседелски јазик, дел од подгрупата на ацтечки јазици од јазичното семејство на јутоацтечки јазици. Јазикот го зборуваат околу 1,5 милиони Ацтеки, од кои повеќето живеат во Мексико и дел од нив во Ел Салвадор. Ацтеките во Ел Салвадор се познати како Пипилци. Ацтечкиот е сложен јазик во поглед на морфологијата и карактеристично за него е полисинтетичноста и аглутинацијата. Поради тоа, јазикот оперира со голем број сложени зборови со сложени значења изведени со помош на афикси.

Ацтечкиот се зборувал во Централно Мексико најрано од VII век. Тој е мајчин јазик на Ацтеките, народ кој доминирал во денешно централно Мексико за време на доцниот посткласичен период на мезоамериканската историја. За време на вековите пред шпанската колонизација на Мексико, Ацтечката Империја територијално се проширила и ја зазела скоро целата територија на денешно Мексико и нејзиното влијание довело до издигнување на ацтечкиот дијалект од Теночтитлан на ниво на престижен јазик во Мезоамерика. Со шпанското навлегување во регионот, латиницата била воведена во регионот и ацтечкиот станал пишан, литературен јазик. Така, за време на XVI и XVII век, голем број на хроники, граматики, поезија, административни документи и законици биле напишани на ацтечки јазик. Овој ран стандарден јазик заснован на дијалектот од Теночтитлан е означен како класичен ацтечки јазик и е еден од најпроучуваните и најдокументираните јазици во Америка.

Денес, ацтечките дијалекти се зборуваат од поголем број раштркани заедници, најчесто во руралните предели на централно Мексико. Меѓу овие дијалекти има значителни разлики, но сепак некои се и многу слични. Сите дијалекти биле изложени на шпанско јазично влијание. Така, денес нема ацтечки дијалект кој е ист со класичниот, но сепак се тврди дека дијалектите кои се зборуваат во Мексиканската Долина се посродни со класичниот одошто периферните ацтечки дијалекти. Ацтечкиот, заедно со уште 63 други староседелски јазици во Мексико се признати како национални јазици во регионите каде се зборуваат, и имаат ист статус како и шпанскиот јазик.

Read more