Тикал

Тикал (мајански: Tik’al) — еден од најголемите археолошки наоѓалишта на мајанската цивилизација, воедно и еден од најголеми поранешни мајански градови. Наоѓалиштето лежи во басенот Петен, во департманот Ел Петен во северна Гватемала. Тикал е дел од поголемиот „Национален парк Тикал“ и во 1979 година наоѓалиштето станало дел од Светското културно наследство на УНЕСКО.

Тикал бил главен град и најголем центар на едно од најмоќните мајански кралства. Иако архитектурата на наоѓалиштето датира од IV век п.н.е., својот подем Тикал го забележал во класичниот мајански период од 200 до 900 година. За време на овој период, Тикал бил доминантен во поголемиот мајански политички, економски и воен живот и имал контакти со останати средноамерикански кралства како на пример Теотивакан. Постои доказ дека Тикал во еден период бил освоен од Теотивакан во IV век. Со истекот на доцниот класичен мајански период нови градби и монументи биле изградени во Тикал и постојат докази дека дел ...Read more

Тикал (мајански: Tik’al) — еден од најголемите археолошки наоѓалишта на мајанската цивилизација, воедно и еден од најголеми поранешни мајански градови. Наоѓалиштето лежи во басенот Петен, во департманот Ел Петен во северна Гватемала. Тикал е дел од поголемиот „Национален парк Тикал“ и во 1979 година наоѓалиштето станало дел од Светското културно наследство на УНЕСКО.

Тикал бил главен град и најголем центар на едно од најмоќните мајански кралства. Иако архитектурата на наоѓалиштето датира од IV век п.н.е., својот подем Тикал го забележал во класичниот мајански период од 200 до 900 година. За време на овој период, Тикал бил доминантен во поголемиот мајански политички, економски и воен живот и имал контакти со останати средноамерикански кралства како на пример Теотивакан. Постои доказ дека Тикал во еден период бил освоен од Теотивакан во IV век. Со истекот на доцниот класичен мајански период нови градби и монументи биле изградени во Тикал и постојат докази дека дел од палатите биле изгорени. Овие настани резултирале со намалување на населението за да во X век градот бил целосно напуштен. Тикал е еден од најдобро запознаените, проучени и разбрани мајански наоѓалишта со долг список на владетели, споменици и палати.

Photographies by:
Statistics: Position
2383
Statistics: Rank
122520

Add new comment

CAPTCHA
Security
863517294Click/tap this sequence: 1854
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Тикал ?

Booking.com

What can you do near Тикал ?

9.005.912 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 2.072 visits today.