Popocatépetl

( Попокатепетл (вулкан) )

Попокатепетл — активен стратовулкан кој се наоѓа во државите Пуебла и Морелос, Мексико, и лежи во источната половина на Трансмексиканскиот вулкански појас. Со 5,426 метри (17,802 стапки), тоа е втор највисок врв во Мексико, по Орисаба со 5,636 метри (18,491 стапки).

Името Попокатепетл доаѓа од зборовите на ацтечки јазик: popōca кое значи „чад“ и tepētl кое значи „планина“.

Тој е поврзан со вулканот Изтачкухуатл на север со високо планинско седло познато како Пасо де Кортес.

Попокатепетл се наоѓа на 70 километри југоисточно од Град Мексико, од каде што може слободно да се гледа, во зависност од атмосферските услови. До неодамна, вулканот бил еден од трите високи врвови во Мексико кои содржат ледници, другите се Изтачкухуатл и Орисаба. Во 1990-тите години, северните ледници во голема мера се намалиле, делумно поради потопли температури, но главно поради зголемена вулканска активност. До почетокот на 2001 година, ледниците на Попокатепетл исч...Read more

Попокатепетл — активен стратовулкан кој се наоѓа во државите Пуебла и Морелос, Мексико, и лежи во источната половина на Трансмексиканскиот вулкански појас. Со 5,426 метри (17,802 стапки), тоа е втор највисок врв во Мексико, по Орисаба со 5,636 метри (18,491 стапки).

Името Попокатепетл доаѓа од зборовите на ацтечки јазик: popōca кое значи „чад“ и tepētl кое значи „планина“.

Тој е поврзан со вулканот Изтачкухуатл на север со високо планинско седло познато како Пасо де Кортес.

Попокатепетл се наоѓа на 70 километри југоисточно од Град Мексико, од каде што може слободно да се гледа, во зависност од атмосферските услови. До неодамна, вулканот бил еден од трите високи врвови во Мексико кои содржат ледници, другите се Изтачкухуатл и Орисаба. Во 1990-тите години, северните ледници во голема мера се намалиле, делумно поради потопли температури, но главно поради зголемена вулканска активност. До почетокот на 2001 година, ледниците на Попокатепетл исчезнале. Мразот останал на вулканот, но повеќе не ги прикажува карактеристичните својства на ледниците како што се ледниковите пукнатини.

Лавата која еруптирала од Попокатепетл, историски била андезитска, но исто така избувнале и големи количини на дацит. Магмата произведена во тековниот циклус на активност има тенденција да биде мешавина од двете.

Photographies by:
Comisión Mexicana de Filmaciones from México D. F., México - CC BY-SA 2.0
Statistics: Position
3240
Statistics: Rank
109247

Add new comment

CAPTCHA
Security
834657912Click/tap this sequence: 4198
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Попокатепетл (вулкан) ?

Booking.com

What can you do near Попокатепетл (вулкан) ?

8.728.241 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 1.134 visits today.