Context of Азербејџан

Азербејџан (азербејџански: Azərbaycan), или официјално Република Азербејџан (азербејџански: Azərbaycan Respublikası) — земја во регионот на Јужен Кавказ во Евроазија на раскрсница помеѓу Источна Европа и Западна Азија Земјата е опколена од Каспиското Море на исток, и граничи со Русија на север, Грузија на северозапад, Ерменија на запад и Иран на југ. Ексклавата Нагорно-Карабах е опколена од Ерменија на север и исток, Иран на југ и запад, и има граница со должина од 11 километри со Турција на северозапад.

Азербејџанската Демократска Република ја прогласила својата независност во 1918 година и станала прва секуларна демократска муслиманска држава. Во 1920 година, земјата била инкорпорирана во Советскиот Сојуз како Азербејџанска Советска Социјалистичка Република. Современата Република Азербејџан ја прогласила својата независност на 30 август 1991 година, непосредно пред распаѓањето на СССР истата година. Во септември 1991 година, ерменското мнозинство...Read more

Азербејџан (азербејџански: Azərbaycan), или официјално Република Азербејџан (азербејџански: Azərbaycan Respublikası) — земја во регионот на Јужен Кавказ во Евроазија на раскрсница помеѓу Источна Европа и Западна Азија Земјата е опколена од Каспиското Море на исток, и граничи со Русија на север, Грузија на северозапад, Ерменија на запад и Иран на југ. Ексклавата Нагорно-Карабах е опколена од Ерменија на север и исток, Иран на југ и запад, и има граница со должина од 11 километри со Турција на северозапад.

Азербејџанската Демократска Република ја прогласила својата независност во 1918 година и станала прва секуларна демократска муслиманска држава. Во 1920 година, земјата била инкорпорирана во Советскиот Сојуз како Азербејџанска Советска Социјалистичка Република. Современата Република Азербејџан ја прогласила својата независност на 30 август 1991 година, непосредно пред распаѓањето на СССР истата година. Во септември 1991 година, ерменското мнозинство од спорниот регион на Нагорно-Карабах се отцепило и ја формирало Република Арцах. Регионот и седум соседни области надвор од неа станале де факто независни со крајот на Нагорно-Карабахската војна во 1994 година. Овие региони се меѓународно признати како дел од Азербејџан за решавање на статусот на Нагорно-Карабах преку преговорите што ги олеснува ОБСЕ.

Азербејџан е унитарна полупретседателска република. Таа е една од шесте независни туркиски држави и активен член на Советот на туркофонски држави и заедницата ТУРКСОЈ. Азербејџан има дипломатски односи со 158 земји и има членство во 38 меѓународни организации, меѓу кои и Обединетите Нации (од 1992 година), Советот на Европа, Движењето на неврзаните, ОБСЕ и Партнерството за мир (ПзМ). Тој е еден од основачите на ГУАМ, Заедницата на независни држави (ЗНД) и Организацијата за забрана на хемиско оружје. Азербејџан, исто така, има статус на набљудувач во Светската трговска организација.

Иако повеќе од 89% од населението се шиитски муслимани, уставот на Азербејџан не познава официјална религија и сите главни политички сили во земјата се секуларни. Азербејџан има високо ниво на човечки развој кој е рангиран на исто ниво со повеќето земји од Источна Европа. Азербејџан има висока стапка на економски развој и писменост, како и ниска стапка на невработеност. Сепак, владејачката партија, партијата Нов Азербејџан, била обвинета за авторитаризам и кршење на човековите права.

More about Азербејџан

Basic information
  • Native name Azərbaycan
  • Calling code +994
  • Internet domain .az
  • Mains voltage 220V/50Hz
  • Democracy index 2.68
Population, Area & Driving side
  • Population 10180770
  • Area 86600
  • Driving side right

Phrasebook

Здраво
Salam
Светот
Dünya
Здраво свету
Salam dünya
Ви благодарам
Çox sağ ol
Збогум
sağol
Да
Bəli
бр
Yox
Како си?
Necəsən?
Фино, благодарам
Yaxşı, təşəkkür edirəm
Колку е?
Neçəyədir?
Нула
Sıfır
Еден
bir

Where can you sleep near Азербејџан ?

Booking.com
489.359 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 186 visits today.