Context of Техеран

Техеран (персиски: تهران‎ Tehrân) — главен град на Иран и провинцијата Техеран. Со население од околу 8,8 милиони во градот и 15 милиони во неговата поголема метрополитенска област, Техеран е најнаселен град во Иран и Западна Азија, и има втора по големина метрополитенска област на Блискиот Исток. Техеран е рангиран на 29-то место во светот според бројот на населението на неговата метрополитенска област.

Во класичната ера, дел од територијата на денешен Техеран била окупирана од Реј, град со медијско население. Во текот на своето постоење, Техеран бил цел на напади и уништувања од арапските, турските и монголските инвазии. Неговиот современ наследник останал како урбана област апсорбирана во градското подрачје познато под името Голем Техеран.

Техеран првпат бил избран за главен град на Иран од страна на Мухамед-хан Каџар од династијата Каџари во 1796 година, со цел да остане близу до иранските територии на Кавказ, пред да биде одвоен од Иран како резултат...Read more

Техеран (персиски: تهران‎ Tehrân) — главен град на Иран и провинцијата Техеран. Со население од околу 8,8 милиони во градот и 15 милиони во неговата поголема метрополитенска област, Техеран е најнаселен град во Иран и Западна Азија, и има втора по големина метрополитенска област на Блискиот Исток. Техеран е рангиран на 29-то место во светот според бројот на населението на неговата метрополитенска област.

Во класичната ера, дел од територијата на денешен Техеран била окупирана од Реј, град со медијско население. Во текот на своето постоење, Техеран бил цел на напади и уништувања од арапските, турските и монголските инвазии. Неговиот современ наследник останал како урбана област апсорбирана во градското подрачје познато под името Голем Техеран.

Техеран првпат бил избран за главен град на Иран од страна на Мухамед-хан Каџар од династијата Каџари во 1796 година, со цел да остане близу до иранските територии на Кавказ, пред да биде одвоен од Иран како резултат на Руско-персиските војни и за да ги избегне фракциите на претходните владејачки ирански династии. Главниот град се преселил неколкупати низ историјата, а Техеран е 32-миот национален главен град на Иран.

Градот бил седиште на Каџарите и Пахлевите, двете последни монархии на Иран. Тој е дом на многу историски збирки, вклучувајќи ги и кралските комплекси на Голестан, Садабад и Ниваран, како и најважните владини згради во модерната ера.

Големи размери и реконструкција на градот започнле во 1920-тите години, а Техеран станал одредиште за масовни миграции од целиот Иран од 20 век.

Најпознатите знаменитости во Техеран се кула Азади, споменик изграден во 1971 година под власта на Мухамед Реза Пахлеви, за да ја одбележат 2.500-тата година од основањето на Иран и кула Милад, шестата највисока кула која била завршена во 2007 година. Мостот Табијат, новоизградена атракција, бил завршен во 2014 година.

Мнозинството од населението во Техеран се луѓе од персиско говорно подрачје и околу 99% од населението го разбираат и зборуваат персискиот јазик, но има големи популации на други ирански етнички групи, како што се Азербејџани, Ерменци, Лури и Курди кои живеат во Техеран и го зборуваат персискиот како втор јазик.

Техеран го опслужуваат меѓународните аеродроми на Мехрабад и Хомеини, централната железничка станица, системот за брз транзит на Техеранско метро, системот за брз транзит на автобуси, тролејбусите и голема мрежа на автопати.

Имало планови да се пресели иранскиот главен град од Техеран во друга област, главно поради загадувањето на воздухот и изложеноста на градот на земјотреси. До денес, не се одобрени дефинитивни планови. Истражувањето на 230 градови го рангирал Техеран на 203-то место за квалитетот на животот. Според Индексот на глобални одредишта за градови во 2016 година, Техеран е меѓу првите десет најбрзо растечки одредишта.

Where can you sleep near Техеран ?

Booking.com
487.370 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 3 visits today.