کاخ گلستان

( Голестански дворец )

Голестанскиот дворец (или Ѓулистански дворец, персиски: کاخ گلستان ) е некогашен кралски комплекс на династијата Каџари во главниот град на Иран, Техеран.

Како еден од најстарите споменици на културата во Техеран, Голестанскиот дворец (прев. Дворец на цвеќињата) припаѓа на група кралски зданија кои некогаш биле окружени со старата техеранска тврдина (Арг).

Самиот Арг бил изграден во времето на Тахмасп I (вл. 1524-1576) од династијата Сефевиди (1502-1736), а подоцна бил обновен од Карим-хан (вл. 1750-1779). Мухамед-хан Каџар (1742-1797) решил Техеран да стане престолнина на државата. Самата династија ја сместил во Аргот. Дворот на Голестанскиот дворец станал официјална резиденција на кралското семејство Каџари. Дворецот го добил сегашниот изглед во 1865, и е дело на Хаџи Абол-хасан Мимар Наваи.

За време на династијата Пахлеви (1925-1979) Голестанскиот дворец се користел за формални кралски приеми, додека самото кралско семејство изградило сво...Read more

Голестанскиот дворец (или Ѓулистански дворец, персиски: کاخ گلستان ) е некогашен кралски комплекс на династијата Каџари во главниот град на Иран, Техеран.

Како еден од најстарите споменици на културата во Техеран, Голестанскиот дворец (прев. Дворец на цвеќињата) припаѓа на група кралски зданија кои некогаш биле окружени со старата техеранска тврдина (Арг).

Самиот Арг бил изграден во времето на Тахмасп I (вл. 1524-1576) од династијата Сефевиди (1502-1736), а подоцна бил обновен од Карим-хан (вл. 1750-1779). Мухамед-хан Каџар (1742-1797) решил Техеран да стане престолнина на државата. Самата династија ја сместил во Аргот. Дворот на Голестанскиот дворец станал официјална резиденција на кралското семејство Каџари. Дворецот го добил сегашниот изглед во 1865, и е дело на Хаџи Абол-хасан Мимар Наваи.

За време на династијата Пахлеви (1925-1979) Голестанскиот дворец се користел за формални кралски приеми, додека самото кралско семејство изградило свој дворец во Ниаваран (Ниаварански дворски комплекс). Најважните церемонии кои се одржале во Голестанскиот дворец во тоа време биле крунисувањето на Реза Пахлеви (вл. 1925-1941) на престолот Тахт-е Мармар (Мермерен престол) и крунисувањето на Мухамед Реза Пахлеви (вл. 1941-симнат 1979) во Музејската хала.

Во периодот помеѓу 1925 и 1945 по наредба на Реза Пахлеви бил демолиран голем дел од зданијата во дворецот, бидејќи тој сметал дека стариот Каџарски дворец не треба да му попречува на растот на современиот град. На нивно место биле изградени деловни згради во 1950-тите и 1960-тите.

Во неговата моментална состојба, Голестанскиот дворец е резултат на околу 400 години изградби и реновации. Секоја зграда има своја уникатна иусторија.

На 11 октомври 2005 г. Организацијата за културно наследство на Иран го предложила дворецот за Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Организацијата за културно наследство на Иран е одговорна за водење и одржување на местото.

Photographies by:
Mahmoud Hashemi from San Jose, CA, USA - CC BY-SA 2.0
Statistics: Position
317
Statistics: Rank
408242

Add new comment

CAPTCHA
Security
456189723Click/tap this sequence: 3112
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Голестански дворец ?

Booking.com
8.734.691 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 7.584 visits today.