Österreich
АвстријаContext of Австрија
Австрија (германски: Österreich, службено Република Австрија (германски: Republik Österreich) — континентална земја во Средна Европа со околу 8,47 милиони луѓе. Се граничи со Чешка и Германија на север, Унгарија и Словачка на исток, Словенија и Италија на југ и Швајцарија и Лихтенштајн на запад. Австрија има површина од 83.855 км2 и има умерена и алпска клима. Теренот во Австрија е планински, поради присуството на Алпи; само 32% од земјата е под 500 метри, а нејзината највисока точка е 3.798 метри. Мнозинството од населението говори на месниот австробаварски дијалект на германскиот јазик, како нивен мајчин јазик, и германски во неговата стандардна форма, кој претставува и службен јазик на земјата. Други локални службени јазици се унгарскиот, хрватскиот и словенечкиот.
More about Австрија
- Currency Евро
- Native name Österreich
- Calling code +43
- Internet domain .at
- Mains voltage 230V/50Hz
- Democracy index 8.16
- Population 8979894
- Area 83858
- Driving side right