Матка (кањон)

Матка — кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните облици — десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.

Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на ледничкиот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемски растенија и животни.

Од вкупниот број на 1.000 видови на растенија, 20% се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). Во месноста Матка се откриени два нови видови на вистински пајаци и пет лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањ...Read more

Матка — кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните облици — десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.

Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на ледничкиот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемски растенија и животни.

Од вкупниот број на 1.000 видови на растенија, 20% се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). Во месноста Матка се откриени два нови видови на вистински пајаци и пет лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балкански ендемски мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката.

Во рамките на кањонот се наоѓа спелеолошкиот парк „Јовица Гроздановски“, наречен според трагично загинатиот алпинист. Паркот е составен од три пештери (Врело, Убава и Крштана), како и една подводна пештера (Подврело)

Photographies by:
anjči - CC BY 2.0
Statistics: Position
314
Statistics: Rank
389001

Add new comment

CAPTCHA
Security
749852163Click/tap this sequence: 7145
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Матка (кањон) ?

Booking.com

What can you do near Матка (кањон) ?

8.715.817 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 1.955 visits today.