France
ФранцијаContext of Франција
Франција (француски: France) ( /ˈfræns/ ), официјално Француска Република (француски: République française) — демократска држава чиј главен дел од територијата (матичен дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површината е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (матичен дел) со 64.897.954 жители (1 јануари 2020). Во нејзиниот состав влегуваат прекуморските поседи и територии (DOM — TOM) сместени на други континенти, така што нејзината вкупна површина изнесува 675.417 км2, а вкупното население 67.063.703 жители (1 јануари 2020).
Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите прекуморски владенија и територии исто така се граничи со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со ...Read more
Франција (француски: France) ( /ˈfræns/ ), официјално Француска Република (француски: République française) — демократска држава чиј главен дел од територијата (матичен дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површината е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (матичен дел) со 64.897.954 жители (1 јануари 2020). Во нејзиниот состав влегуваат прекуморските поседи и територии (DOM — TOM) сместени на други континенти, така што нејзината вкупна површина изнесува 675.417 км2, а вкупното население 67.063.703 жители (1 јануари 2020).
Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите прекуморски владенија и територии исто така се граничи со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со Антилите (во делот на Свети Мартин). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку Евротунелот, кој минува под големиот проток Ламанш.
Франција е демократска држава, организирана како унитарна полупретседателска република. Таа е развиена држава чија модерна економија е петта по големина во светот (2009). Нејзините главни вредности се изразени во Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот.
Главен, а воедно и најголем град, со повеќе од 12 милиони жители, е Париз. Службен јазик на Франција е францускиот јазик. Во регионите се говорат и други дијалекти, говори и јазици како гасконски, провансалски, бретонски и др.
Франција е најголемата франкофонска држава во светот по број на говорители, но втора по број на жители, по Демократска Република Конго со околу 67 милиони. Главна религија во Франција е католичката со 64 %, 31 % се атеисти а 5 % од населението се муслимани.
Франција е една од земјите основачи на Европската Унија, една од основачите на НАТО и на ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН.
Таа припаѓа на Еврозоната и на Шенген-зоната, членка е на Франкофонијата и на Латинската унија, дел од групата Г8 најразвиени земји во светот и на Организацијата за економска соработка и развој (OCDE).
Како воена сила, Франција ја поседува главната војска во Европската Унија при што таа е една од седумте земји кои официјално поседуваат атомско вооружување.
Шеф на државата е претседателот, а кабинетот го возглавува премиерот.
More about Франција
- Currency Евро
- Native name France
- Calling code +33
- Internet domain .fr
- Speed limit 130
- Mains voltage 400V/50Hz
- Democracy index 7.99
- Population 68373433
- Area 643801
- Driving side right