Context of Корзика

Корзика (француски: Corse; корзикански: Corsica; италијански: Corsica; лигурски: Corsega) — остров во Средоземното Море со двоен статус на регион и департман на Франција. Се наоѓа западно од Италија, југоисточно од француското копно и северно од италијанскиот остров Сардинија. Планините претставуваат две третини од целокупната територија на островот, создавајќи еден масив. Пред француското управување, Корзика била посед на Република Џенова.

По закон островот е означен како територијална заедница (collectivité territoriale), пооради тоа ужива поголеми права во однос на останатите француски региони и департмани. Вообичаено, Корзика е означена како регион и најчесто е заведувана во списокот на други региони на Франција. Денес Корзика управно се смета за еден департман, а до 2018 г. била поделена на два, наречени Горна и Јужна Корзика.

Иако...Read more

Иако островот е одделен од континенталното копно од Лигурското Море и е поблиску до Италија отколку до француското копно, политички е дел од континентална Франција. Почнувајќи од 1282, островот му припаѓал на Република Џенова, иако на кратко бил во посед на независната Корзиканска Република од 1755 до француското освојување во 1769. Корзиканската култура содржи елементи на француската и италијанската и нејзиниот устав додека бил Република бил напишан на италијански. Домашниот корзикански јазик е признаен како регионален јазик од француската влада.

Францускиот цар Наполеон Бонапарт е роден во 1769 во корзиканскиот главен град Ајачо. Денес, неговата родна куќа се користи како музеј. Северниот град Калви тврди дека е родното место на познатиот истражувач Кристофер Колумбо.

Where can you sleep near Корзика ?

Booking.com
489.842 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 4 visits today.