Context of Еритреја

Еритреја — држава што се наоѓа во Источна Африка. Таа се граничи со Судан на запад, Етиопија на југ и со Џибути на југоисток. На исток и североисток оваа земја има голема брегова линија на Црвено Море, преку кое се поврзува со Јемен и Саудиска Арабија. Таа зафаќа површина од 120.538 км2. Даклаковиот Архипелаг и неколку од Ханишките Острови се во делот на Еритреја.

Еритреја беше прогласена за италијанска колонија на 1 јануари 1890 година. По капитулацијата на Италија во Втората светска војна, таа беше Британски протекторат помеѓу 1941 – 1952 година. Обединетите Нации во 1952 предложија таа да биде во федерација со Етиопија. Царот Хајле Селасие I предложил Еритреја да биде 14-та покраина на Етиопија. Тоа предизвикало големо незадоволство кај еритрејскиот народ и триесетгодишна војна што траела од 1961 до 1991 година. Обединетите Нации после војната предложија Еритреја да прогласи независност во 1993 година и со тоа таа создаде влада во 1997 година. Еритреја вл...Read more

Еритреја — држава што се наоѓа во Источна Африка. Таа се граничи со Судан на запад, Етиопија на југ и со Џибути на југоисток. На исток и североисток оваа земја има голема брегова линија на Црвено Море, преку кое се поврзува со Јемен и Саудиска Арабија. Таа зафаќа површина од 120.538 км2. Даклаковиот Архипелаг и неколку од Ханишките Острови се во делот на Еритреја.

Еритреја беше прогласена за италијанска колонија на 1 јануари 1890 година. По капитулацијата на Италија во Втората светска војна, таа беше Британски протекторат помеѓу 1941 – 1952 година. Обединетите Нации во 1952 предложија таа да биде во федерација со Етиопија. Царот Хајле Селасие I предложил Еритреја да биде 14-та покраина на Етиопија. Тоа предизвикало големо незадоволство кај еритрејскиот народ и триесетгодишна војна што траела од 1961 до 1991 година. Обединетите Нации после војната предложија Еритреја да прогласи независност во 1993 година и со тоа таа создаде влада во 1997 година. Еритреја влезе во повторен конфликт со Етиопија поради маркацијата на границите во мај 1998 година.

Еритреја е претседателска република во која постои само една партија. Таа е мултикултурна земја со две доминантни религии, Ориентална Православна Христијанска и Сунитска Исламска во девет етнички групи. Земјата нема службен јазик, но има три работни јазици и тоа тигриња, арапски и англиски јазик, а постарата генерација знае да зборува италијански јазик.

Where can you sleep near Еритреја ?

Booking.com
490.020 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 69 visits today.