Јужен Судан
Context of Јужен Судан
Јужен Судан или официјално Република Јужен Судан е независна и суверена држава во Источна Африка. Јужен Судан е држава без излез на море, која се граничи со Етиопија на исток, со Кенија, Уганда и ДР Конго на југ, со ЦАР на запад и со Судан на север. Главен град на државата е Џуба, а единствен службен јазик е англискиот јазик.
Јужен Судан ги зазема мочурливите предели околу реката Бел Нил. Првично, Јужен Судан бил дел од Британската Империја, кој подоцна заедно со Судан формирале своја независна држава. Јужен Судан се стекнал со автономен статус преку мировниот договор помеѓу Суданската народноослободителна армија и Владата на Судан и со тоа се ставил крај на Втората суданска граѓанска војна. Овој конфликт бил најдолг конфликт во историјата на Африка, кој траел над 17 години. Од 9 до 15 јануари 2011 во Јужен Судан се одржал референдум за независност и отцепување на овој регион од Судан. Според првичните резултати објавени и направени од Комисијата за референдум н...Read more
Јужен Судан или официјално Република Јужен Судан е независна и суверена држава во Источна Африка. Јужен Судан е држава без излез на море, која се граничи со Етиопија на исток, со Кенија, Уганда и ДР Конго на југ, со ЦАР на запад и со Судан на север. Главен град на државата е Џуба, а единствен службен јазик е англискиот јазик.
Јужен Судан ги зазема мочурливите предели околу реката Бел Нил. Првично, Јужен Судан бил дел од Британската Империја, кој подоцна заедно со Судан формирале своја независна држава. Јужен Судан се стекнал со автономен статус преку мировниот договор помеѓу Суданската народноослободителна армија и Владата на Судан и со тоа се ставил крај на Втората суданска граѓанска војна. Овој конфликт бил најдолг конфликт во историјата на Африка, кој траел над 17 години. Од 9 до 15 јануари 2011 во Јужен Судан се одржал референдум за независност и отцепување на овој регион од Судан. Според првичните резултати објавени и направени од Комисијата за референдум на Јужен Судан на 30 јануари 2011 и според истите, 98% од гласачите гласале за отцепување, а 1 % за унија. Јужен Судан официјално станал независна држава на 9 јули 2011 година.