Context of Катар

Катар (арапски: арапски: قطر‎), или официјално Држава Катар (دولة قطر), — држава во југозападна Азија. Се наоѓа на полуостровот Катар. Главен град е Доха. Го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот Залив и неколку соседни островчиња. На југ се граничи со Саудиска Арабија, а на запад по море се граничи со Бахреин. По државно уредување е апсолутна монархија — емират.

Во последните 150-ина години, во политиката на Катар доминира семејството ел-Тани, од коешто потекнува и сегашниот емир. По крајот на британскиот протекторат во 1971, земјата не се приклучува во Обединетите Арапски Емирати, одбирајќи целосна независност.

Најзастапена религија е исламот. Јазикот на мнозинството од населението е арапскиот, односно неговиот локален дијалект. Голем број од жителите се странски државјани на работа во индустријата на нафта и на земен гас.

Со нафтената индустрија доминира доминира владата. Приходите...Read more

Со нафтената индустрија доминира доминира владата. Приходите од продажбата на нафта овозможија подобрување на животниот стандард и воведување на социјална држава, слична на оние во Европа. Во 2003, БДП по семејство бил 21 500 американски долари.

Катар е седиште на познатата арапска телевизија Ал-Џезира. Во последно време, земјата забрзано се демократизира. Локални избори првпат се спроведени во 1999, а собраниски избори во 2005.

More about Катар

Basic information
Population, Area & Driving side
  • Population 2639211
  • Area 11437
  • Driving side right

Where can you sleep near Катар ?

Booking.com
487.391 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 17 visits today.