Мадарски конник
( Мадарски коњаник )Мадарскиот коњаник е прабугарски релjеф, кој се наоѓа во североисточна Бугарија во близина на селото Мадара во Шуменската област. Од 1979 година е во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Како пример за карпеста уметност од раниот Среден век нема аналогии во Европа. Релjефот е на 23 метри висина над теренот на карпа, висока скоро 100 метри. Составен е од обрнат кон десно коњаник, кој прободува лав со своето копје, а позади коњот оди пес. Бил изграден во почетокот на 8 век од бугарските канови во близина на првата бугарска метропола Плиска. Недалеку од коњаникот е изграден и пагански центар, за кој се претпоставува дека бил верскиот центар на Првото Бугарско Царство во предхристијанскиот период. Околу релjефот бугарските канови Тервел (695-721), Крум (796-814) и Омуртаг (814-831) ставиле натписи со историска содржина.
На 29 јуни 2008 г. 25,44% од 1.058.473 вкупно гласачи го избраале за бугарски симбол, кој би бил ставен на идните бугарски монети...Read more
Мадарскиот коњаник е прабугарски релjеф, кој се наоѓа во североисточна Бугарија во близина на селото Мадара во Шуменската област. Од 1979 година е во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Како пример за карпеста уметност од раниот Среден век нема аналогии во Европа. Релjефот е на 23 метри висина над теренот на карпа, висока скоро 100 метри. Составен е од обрнат кон десно коњаник, кој прободува лав со своето копје, а позади коњот оди пес. Бил изграден во почетокот на 8 век од бугарските канови во близина на првата бугарска метропола Плиска. Недалеку од коњаникот е изграден и пагански центар, за кој се претпоставува дека бил верскиот центар на Првото Бугарско Царство во предхристијанскиот период. Околу релjефот бугарските канови Тервел (695-721), Крум (796-814) и Омуртаг (814-831) ставиле натписи со историска содржина.
На 29 јуни 2008 г. 25,44% од 1.058.473 вкупно гласачи го избраале за бугарски симбол, кој би бил ставен на идните бугарски монети на еврото.
Add new comment