- За други значења, видете Трново (појаснување).
Велико Трново (бугарски: Велико Търново) е град во североисточна Бугарија и претставува административен центар на Великотрновска област.
Трновград или Трново како се нарекувал градот до 1965 година бил главниот град на Второто Бугарско Царство (1185-1393). Во Трново се наоѓа археолошки музеј и тврдина. По распадот на Отоманската власт и создавањето на современата бугарска држава во Трново бил создаден модерениот бугарски устав.
Add new comment