Österreich-Ungarn ( Австроунгарија )

Австроунгарија (германски: Österreich-Ungarn, унгарски: Osztrák-Magyar Monarchia) — поранешна монархија, односно позната и како Двојна Монархија, која се состоела од два дела — Цислеитанија (западниот дел) и Транслеитанија (источниот дел). Императорот на Австрија истовремено бил и крал на Унгарија. Оваа монархија постоела во периодот од 1867, кога Унгарија добила можност за автономија во рамките на империјата сè до нејзиното распаѓање во 1918 година, односно пред завршувањето на Првата светска војна, Австроунгарија била втората по големина држава во Европа, веднаш по Руската Империја и трета по население по Руската и Германско Царство. Во составот на империјата живееле Германци, Италијанци, Унгарци, Хрвати, Украинци, Бошњаци, Словенци, Срби, Руси, Романци итн.