Ватикан, или обично познат под името Ватикански Град (латински: Status Civitatis Vaticanae, италијански: Stato della Città del Vaticano), познат и како Светиот град, е најмалата независна држава на светот и по површина и по население. Површината на Ватикан изнесува 44 хектари. Ватикан е седиште на папата, кој претставува поглавар на Римокатоличката црква, бискуп на градот Рим и изборен монарх на Ватикан. Папата од своја страна е на доживотна функција и тој ги избира кардиналите. Технички, папата е апсолутен монарх, а тоа значи дека ги има во целост законодавната, извршната и судската власт во Ватикан. Папата е единствениот апсолутен монарх во Европа. Сегашниот папа на Ватикан е папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо.

Add new comment