Пантеонот во Рим (од грч. Πάνθειον = за сите богови) е една од најдобро сочуваните монументални згради од антиката. Изграден е во 125 г. и оттогаш е во постојана употреба. Првобитно бил изграден од Марко Агрипа, конзул на Рим, во 27 година пне, но по уништувањето од пожар во 80 година, бил целосно обновен од императорот Адријан во 125 година од новата ера. Со сигурност не се знае дали Пантеонот навистина служел како храм на сите божества или само за некои од нив. Се смета дека негов архитект е Аполодор Дамаски.

Пантеонот е огромна градба, која се состои од влезен правоаголен дел кој се потпира на колонада од столбови, и главен цилиндричен дел покриен со купола. На врвот куполата е отворена, отворот е со пречник од 6 m, и кога врне дождот паѓа во храмот. Висината на куполата е 43,3 m, исто како и нејзината ширина. Огромната бронзена порта на влезот е оригинална, од античко време. Во своето време, Пантеонот бил импозантна градба, и бил инспирација за градителите во ренес...Read more

Пантеонот во Рим (од грч. Πάνθειον = за сите богови) е една од најдобро сочуваните монументални згради од антиката. Изграден е во 125 г. и оттогаш е во постојана употреба. Првобитно бил изграден од Марко Агрипа, конзул на Рим, во 27 година пне, но по уништувањето од пожар во 80 година, бил целосно обновен од императорот Адријан во 125 година од новата ера. Со сигурност не се знае дали Пантеонот навистина служел како храм на сите божества или само за некои од нив. Се смета дека негов архитект е Аполодор Дамаски.

Пантеонот е огромна градба, која се состои од влезен правоаголен дел кој се потпира на колонада од столбови, и главен цилиндричен дел покриен со купола. На врвот куполата е отворена, отворот е со пречник од 6 m, и кога врне дождот паѓа во храмот. Висината на куполата е 43,3 m, исто како и нејзината ширина. Огромната бронзена порта на влезот е оригинална, од античко време. Во своето време, Пантеонот бил импозантна градба, и бил инспирација за градителите во ренесансата од 13-14 век кога за првпат се направени и поголеми градби.

Една од причините што Пантеонот не бил уништен како многу други пагански градби од страна на христијаните, е што од VII век до денешен ден функционира како црква. Во него се погребани италијанските кралеви Умберто I и Виторио Емануеле II, како и познатиот сликар од XVI век Рафаел.

Photographies by:
Rabax63 - CC BY-SA 4.0
Nenesita1 - CC BY-SA 3.0
No machine-readable author provided. AlMare assumed (based on copyright claims). - Public domain
Statistics: Position
770
Statistics: Rank
425803

Add new comment

CAPTCHA
Security
582341679Click/tap this sequence: 2356
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Videos

Where can you sleep near Пантеон (Рим) ?

Booking.com
8.799.194 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 1.588 visits today.