Систинската капела (италијански: Cappella Sistina) или Сикстинска капела (латински: Sacellum Sixtinum) — најпозната капела во апостолската палата, официјалната резиденција на папата во Ватикан. Нејзината слава доаѓа пред сѐ од внатрешната декорација со фрески од Микеланџело, Рафаел, Бернини и Ботичели, како и од фактот што во неа се одржуваат конклавите - кардиналски собори за избор на нов папа. Капелата го носи името според папата Сикст IV кој ја реставрирал „Големата капела“, како што претходно се нарекувала, помеѓу 1477 и 1480 година. Kапелата ја осветил Сикст IV на 15 август 1483 и ја посветил на Успението на Пресвета Богородица.
Денес Систинската капела е дел од разгледувањето на Ватиканските музеи и може да се посети кога во неа не се одржуваат служби.
Add new comment