Quinta da Regaleira
Quinta da Regaleira [ˈkĩ.tɐ dɐ ˈʁe.ɡa.lɐɪ̯.ɾɐ] е квинта лоцирана во близина на историскиот центар на Синтра, Португалија. Таа е класифицирана како светско наследство од УНЕСКО во рамките на „Културниот пејзаж на Синтра“. Заедно со другите палати во областа, како што се палатите Quinta do Relógio, Pena, Monserrate и Seteais, се смета за една од главните туристички атракции на Синтра.
Имотот се состои од романтична палата и капела, како и луксузен парк кој содржи езера, пештери, бунари, клупи, фонтани и огромна палета на извонредни градби. Палатата е позната и како „Палата на Монтеиро Милионерот“, што се заснова на прекарот на нејзиниот најпознат поранешен сопственик, Антонио Аугусто Карваљо Монтеиро. Палатата е дизајнирана од италијанскиот архитект Луиџи Манини.
Add new comment