Котопакси

Котопакси — активен вулкан сместен во Еквадор.

Со ледници покриениот Котопакси е највисок активен вулкан на светот. Како еден од најактивните вулкани во Еквадор, тој има стрмни страни и речиси симетричен конус покриен со длабоки кратери, што како гнезда се всадуваат во неговиот врв. Сегашниот конус, избразден со засеци што биле направени од тековите лава и од лакарите, се создал во текот на последните 5,000 години. Котопакси има долга историја на експлозивни ерупции меѓу кои спаѓа и онаа од 1534 година, со која е завршена борбата меѓу Инките и шпанските конквистадори. Во текот на една од неговите најразорни ерупции во 1877 г., дошло до паѓање на еруптивниот столб и до создавање пирокластични текови и лахари кои ги уништиле блиските котлини, истекувајќи по насока над 100 км во Тихиот Океан.

Од 1738, Котопакси избувнал повеќе од 50 пати. Последната ерупција траела од август 2015 до јануари 2016. Котопакси бил официјално затворен за искачување од страна на власти...Read more

Котопакси — активен вулкан сместен во Еквадор.

Со ледници покриениот Котопакси е највисок активен вулкан на светот. Како еден од најактивните вулкани во Еквадор, тој има стрмни страни и речиси симетричен конус покриен со длабоки кратери, што како гнезда се всадуваат во неговиот врв. Сегашниот конус, избразден со засеци што биле направени од тековите лава и од лакарите, се создал во текот на последните 5,000 години. Котопакси има долга историја на експлозивни ерупции меѓу кои спаѓа и онаа од 1534 година, со која е завршена борбата меѓу Инките и шпанските конквистадори. Во текот на една од неговите најразорни ерупции во 1877 г., дошло до паѓање на еруптивниот столб и до создавање пирокластични текови и лахари кои ги уништиле блиските котлини, истекувајќи по насока над 100 км во Тихиот Океан.

Од 1738, Котопакси избувнал повеќе од 50 пати. Последната ерупција траела од август 2015 до јануари 2016. Котопакси бил официјално затворен за искачување од страна на властите сè до неговото повторно отворање на 7 октомври 2017.

Photographies by:
Statistics: Position
942
Statistics: Rank
213389

Add new comment

CAPTCHA
Security
328576941Click/tap this sequence: 3676
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Котопакси ?

Booking.com
8.719.152 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 5.290 visits today.