Килотоа

Килотоа — купа исполнета со вода и најзападен вулкан во Еквадорските Андите. Купата од 3 километри била формирана по распадот на овој дацитен вулкан по катастрофалната ерупција со показател на вулканска избувност од 6, пред околу 800 години, кој произвел пирокластични текови и лахари кои стигнале до Тихиот Океан. Оваа последна ерупција следела по период на латентност од 14.000 години и е позната како ерупција од 1280 година. Четвртата еруптивна фаза била фреатомагнатска, што укажува на тоа дека езерото веќе постоело во тоа време. Купата оттогаш акумулирала длабоко кратерско езеро од 250 метри, кое има зеленикава боја како резултат на растворени минерали. Фумаролите се наоѓаат на дното на езерото и на источниот дел на вулканот се појавуваат топли извори.

Килотоа е туристичка локација со зголемена популарност. Патот кон врвот обично започнува со камион или автобус од градот Зумбахуа, 17 километри на југ, или почесто со автобус од Латакунга. Посетителите веќе не треба да ...Read more

Килотоа — купа исполнета со вода и најзападен вулкан во Еквадорските Андите. Купата од 3 километри била формирана по распадот на овој дацитен вулкан по катастрофалната ерупција со показател на вулканска избувност од 6, пред околу 800 години, кој произвел пирокластични текови и лахари кои стигнале до Тихиот Океан. Оваа последна ерупција следела по период на латентност од 14.000 години и е позната како ерупција од 1280 година. Четвртата еруптивна фаза била фреатомагнатска, што укажува на тоа дека езерото веќе постоело во тоа време. Купата оттогаш акумулирала длабоко кратерско езеро од 250 метри, кое има зеленикава боја како резултат на растворени минерали. Фумаролите се наоѓаат на дното на езерото и на источниот дел на вулканот се појавуваат топли извори.

Килотоа е туристичка локација со зголемена популарност. Патот кон врвот обично започнува со камион или автобус од градот Зумбахуа, 17 километри на југ, или почесто со автобус од Латакунга. Посетителите веќе не треба да плаќаат два долари за да ја разгледаат купата. Постојат голем број на едноставни хостели во непосредна област кои ги нудат своите услуги. Активностите вклучуваат пешачење од четири до пет часа околу купата (чиј пречник е нешто над 3 км). Купестиот раб е мошне нерегуларен и достигнува максимални височини (3810 метри до севвер, 3894 метри до северозапад и 3915 метри до југоисток) во три лавини куполи. Искачувањето од 10 километри е стрмно на некои места и може да биде доста тешко, особено ако има магла.

Површината на езерото се наоѓа на 3.500 метри над морето. Вкупниот волумен на вода што се чува во езерото Килотоа е 0,35 км3. Според месните жители, нивото на езеро полека се намалува во текот на последните 10 години. Травертинските депозити се случуваат долж брегот до 10 метри над нивото на езерото (во 2000 година).

Photographies by:
Annom - Public domain
Statistics: Position
5448
Statistics: Rank
16336

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
584623179Click/tap this sequence: 8834

Google street view

Where can you sleep near Килотоа ?

Booking.com
487.355 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 40 visits today.